Мени

Куманово ќе се збратими со Хецег Нови, Источно Сараево, Чајетина и Караганда

26.10.2026 16:23 | KumanovoNews

Општина Куманово ќе се збратимува со градовите Хецег Нови, Источно Сараево, Караганда и Чајетина. 

Куманово ќе се збратими со Хецег Нови, Источно Сараево, Чајетина и Караганда

Одлуката за новите четири збратимувањето треба да ја донесе Советот на Општина Куманово, на седницата што ќе се одржи во четврток.

1. Предлог – Одлука за збратимување на Општина Куманово со Општина Херцег Нови – Република Црна Гора;
2. Предлог – Одлука за збратимување на Општина Куманово со Град Источно Сараево – Република Српска, Босна и Херцеговина;
3. Предлог – Одлука за збратимување на Општина Куманово со Град Караганда – Република Казахстан;
4. Предлог – Одлука за збратимување на Општина Куманово со Општина Чајетина – Република Србија;

Куманово досега е збратимено со: Врање, Горњи Милановац, Крагуевац, Лесковац, Панчево, Чукарица (Белград), Јагодина, Нови Сад, Србија, Бања Лука и Бјељина од Босна и Херцеговина, Пловдив – Бугарија, Вараждин – Хрватска, Чорлу – Турција, Косовска Митровица и Гњилане – Косово, Никшиќ и Беране – Црна Гора, Кампина во Романија и др.

Овие поврзувања треба да донесат културна и економска соработка, размена на искуства и знаења во локалните политики, вмрежување на граѓанскиот сектор,  но во пракса се` се сведува на возвратни прошетки на делегации од советниците и општински функционери без резултати на било кое поле.

Единствен позитивен пример е соработката со Гњилане, кога беа реализирани два прекугранични проекти, еден за покривање на Зелениот пазар и друг за реконструкција на ул. „Братство единство“.