×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • МВР со предупредувањe до возачите

    25.01.2010 09:33 | KumanovoNews

     Низ секојдневниот метеж од луѓе и возила по градските сообраќајници никој не обрнува внимание ниту пак наслутува дека може да биде  учесник во сообраќајна незгода или жртва на асфалтот. 

    МВР со предупредувањe до возачите

     Сообраќајните незгоди можат да му се случат секому, насекаде и во секое време.Се смета дека не постои човек кој барем еднаш во својот живот не бил причинител, жртва или сведок на сообраќајна незгода. За разлика од сите други епидемии на заразни болести никој нема вроден имунитет против сообраќајни незгоди.

      Повод за вакво предупредување е зголемениот број на сообраќајни незгоди во државата во кои секојдневно гинат луѓе, остануваат трајни инвалиди и оштетени возила со високи и ненадоместливи штети и последици.

      Патниот сообраќај, без сомнение е од огромно значење за опшеството во кое живееме. Впрочем, современиот нанчин на живеење и неможе да се замисли без моторно возило. Меѓутоа, неговото одвивање го следат и низа штетни појави, често пати манифестирани во својот најтежок облик - сообраќајни незгоди со човечки жртви и немерливи материјални штети.

      Нееднаквиот развој на современата патна и улична мрежа, заедно со: опременоста, патната сигнализација и недоволно дефинираниот режим на сообраќајот, нееднаквото ниво на сообраќајна култура, разноврсноста на возниот парк, несоодветниот степен на општа организираност на опшеството и сл., се објективни услови кои се присутни и го следат одвивањето на патниот сообраќај во Република Македонија и во голема мера, непосредно или посредно ја условуваат и детерминираат неговата безбедност. Тоа се услови и околности кои овозможуваат одредени деликвентни однесување на учесниците во патниот сообраќај да се манифестираат како непосредни причини, кои често резултираат и со настанување на сообраќајни незгоди. Ваквите услови и околности под кои се одвива патниот сообраќај, придонесуваат за постоење на релативно висок степен на загрозеност на учесниците во сообраќајот и на материјалните добра.

      Со право веќе можеме да кажеме дека во ниедна друга област на човековите активности не се чинат толку прекршоци, не се толку многу отстапува од нормите и правилата за поведение, како што е тоа случај во областа на сообраќајот.

      Според  МВР, бројот на сообраќајни незгоди и настраданите лица, споредено со бројот на жителите, бројот на моторните возила и други параметри, нашата земја се сврстува во редот на сообраќајно загрозени земји.