Мени

Загина 13-годишно дете со електричен тротинет во Черкези

29.05.2026 11:44 | KumanovoNews

Тринаесетгодишно момче загина синоќа во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Куманово - Скопје, во кумановското село Черкези.

Загина 13-годишно дете со електричен тротинет во Черкези

Како што соопшти полицијата, несреќата се случила во 21:10 часот, при судир меѓу патничко возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ф.С. (24) од Куманово, и електричен тротинет управуван од 13-годишен малолетник од село Черкези.

По несреќата, малолетникот бил пренесен во Општата болница во Куманово, каде лекар констатирал смрт.

Во 21:20 часот во Полициската станица Куманово, возачот бил лишен од слобода.

Увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа.