×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • На 15 јули одиме на победа, порачуваат од СДСМ на ден пред почетокот на кампањата

    23.06.2020 10:28 | KumanovoNews

     На 15 јули одиме на победа за сите нас, затоа што можеме, сите заедно, уште повеќе и уште подобро, рече на денешната прес-конференција Катерина Пешиќ Бошковска, портпарол на ОО СДСМ Куманово, на ден пред официјалниот почеток на предизборната кампања за предвремените парламентарни избори.

    На 15 јули одиме на победа, порачуваат од СДСМ на ден пред почетокот на кампањата

    Како што соопштија од Општинскиот штаб на СДСМ, Куманово, кампањата ќе биде без митинзи и без активности од врата до врата. Изборната понуда на граѓаните ќе им биде презентирана преку дигиталните алатки, со цел да се заштити нивното здравје.

    Портаролот Пешиќ Бошковска, на прес-конференцијата, потенцираше дека тие се партија којашто е дел од граѓаните, а дека истото како и досега, ќе го покажат и од утре, со почеток на изборната кампања.

    „Нашето делување го ставаме во заштита на здравјето и заедничката борба со корона вирусот. Сите партиски активности ги прилагодуваме на новите околности со цел да го заштитиме јавното здравје, за претстојната кампања која почнува од утре. Во изминатиот период, сведоци бевме на несовесното однесување на ВМРО ДПМНЕ, како и непочитување на мерките за заштита. Во ваков чувствителен период за сите нас, не смееме да си дозволиме такви пропусти, мора строго да се придржуваме до мерките за заштита, со цел успешно реализирани, фер и демкоратски избори- за нашата иднина и иднината на нашата држава. Затоа, на 15-ти јули граѓаните ќе имаат едноставен и слободен избор, да продолжиме заедно кон иднината, да градиме, остваруваме, поправме и реализираме, оставајќи ги погубните политики на ВМРО онаму каде што и припаѓаат во минатото“, рече портпаролот Пешиќ Бошковска.

    Како што додадоа од партијата, сите присутни на јавен настан или состанок организиран од СДСМ мора да носат заштитна маска и да одржуваат растојание од 2 метри, Групирањето е забрането, а бројот на присутните на јавни настани и средби ке биде со строга контрола, со најмногу 50 лица на јавна локација и 30 лица во затворен простор, со задолжителна физичка дистанца.

    (Ф.Марковска)