×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Нова опрема и возила за противпожарните единици во Куманово и Ранковце во вредност од 350.000 евра

    21.11.2024 17:53 | Оливера Пешевска

    Територијалните противпожарни единица (ТППЕ) на Куманово и Ранковце, добија возила и опрема во вкупна вредност од 21 милион денари,  обезбедени преку проект од македонската и швајцарската влада. 

    Нова опрема и возила за противпожарните единици во Куманово и Ранковце во вредност од 350.000 евра

    Од донацијата, ТППЕ Куманово добива две, а територијалната единица во Ранковце едно противпожарно возило специјализирани за непристапни терени. Набавена е и опрема за вработените- униформи за гаснење на шумски пожари и пожари на отворен простор. Се работи за комплети со чизми, одела, шлемови, а за потребите на единиците набавени се противпожарни црева, млазници и грбни пумпи (т.н. напртњачи) и друга специјализирана опрема. Инвестирано е и во делот на подобрување на условите во гаражниот простор, поточно во вратите.

    Во проектот „Одржлив и рамномерен регионалн развој“, предвидена е и изработка на  мобилна апликација за рано пријавување и детектирање на пожари на отворен простор.

    „Изработена е веб апликација и интернет страна за рано пријавување и детекција на пожари, што се надевам дека веќе од декември ќе почнеме да работиме и со неа. Со ова во голема мера се подбруваат условите за работа на пожарникарите, а со тоа бенефит ќе имаат граѓаните на целиот Североисточен регион, затоа што ќе можеме и побрзо и подобро да интервенираме“, истакна Деан Илиевски, командир на ТППЕ Куманово.

    Во проектот, Министерството за локална самоуправа инвестира 11 милиони денари, а владата на Швајцарија нешто повеќе од 9 милиони. На денешната промоција присуствуваше и министерот Златко Перински. 

    „Дозволете да изразам благодарност до нашите швајцарски партнери, бидејќи во повеќе од 2,5 децении се партнери на локалната самоуправа.Ни помагаат да овозможиме подобри и поквалитетни услови за живот, но и за работа на оние на кои им е најпотребно“, истакна Перински.

    Проектот беше избран од страна на граѓаните преку Форумите на заедниците, а го спроведува Центар за развој на Североисточен плански регион. 

    „Се надевам дека ќе успееме да ја продолжиме соработката во интерес на сите граѓани“, истакна директорот Младен Протиќ.

    На презентацијата присуствуваа и претседателката на Совет на Општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска, градоначалниците на Ранковце и Старо Нагоричене, Борче Спасовски и Бобан Цветановски.