Мени

Oд мотор во движење пукано кон „ауди“ во населбата Карпош

01.09.2026 07:13 | KumanovoNews

Неколку куршуми биле испукани кон патничко возило „ауди“ на локалниот пат од населбата Карпош кон селото Никуљане, општина Старо Нагоричане.

Oд мотор во движење пукано кон „ауди“ во населбата Карпош

Како што соопшти СВР Куманово, инцидентот се случил вчера околу околу 2:40 часот, кога од мопед во движење, на кој се превезувале две лица, било пукано со огнено оружје кон возилото „ауди“ со кумановски регистарски ознаки.

Со возилото управувал 34-годишниот Д.Д. од Куманово. Во инцидентот нема повредени лица.

Екипа од СВР Куманово извршила увид на местото, а полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителите и расчистување на случајот.