Мени

Општина Куманово распиша конкурс за избор на сувенир на годината

02.09.2026 14:26 | Сузана Николиќ

Општина Куманово го распиша конкурсот за избор на сувенир за 2026 година.

Општина Куманово распиша конкурс за избор на сувенир на годината

Сувенирот мора да има елементи на препознатливост, да ја отсликува традицијата и културно-историските, духовни, материјални и природни богатства на Куманово и да биде прилагоден за масовно производство, а наменет е за туристичка промоција на градот.

„Општина Куманово ги поканува сите заинтересирани правни и физички лица, кои ги познаваат одликите на градот и околината, со своите автентични трудови да придонесат кон креирањето на производ, кој ќе го отсликува карактерот на градот заради зголемена промоција“, соопштува Општина Куманово.  

Наградата за сувенир на градот изнесува 150. 000 денари и поделена е во два дела. Авторот за идејата и вложениот труд се наградува со 30 илјади денари, а останатите 120. 000 денари се наменети за производство на одредена количина на сувенирот, односно одреден број на предмети по барање на Општина Куманово.

Материјалот на изработка мора да е стабилен и еколошки прифатлив- керамика, камен, метал, дрво, стакло, глина, гипс, текстил итн. Предложеното идејно решение мора да е прилагодено за масовно производство. 

„Ова е традиционален начин со кој Општината поддржува идеи и автентични трудови за креирање на производ кој ќе го отсликува карактеристиките на градот, а е изработен од занаетчии, академски или наивни уметници и ракотворци“, стои во соопштението.

Краен рок за доставување на трудовите е 30 септември 2026 година.