Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Центарот за култура во Куманово, денеска беше отворена изложбата на слики „Шпанска инспирација“ изработени од учениците од насоката графички дизајнер од СОУ „Перо Наков“ од Куманово.
Посетителите имаа можноста да видат 23 дела - реплики на шпански автори.
„Многу ми е драго ште една ваква ученичка замисла го најде патот кон својата релизација. Овие дела содржат младешки труд и енергија, многу љубов, убавина и креативност. Оваа изложба е бисер во низата бисери на нашите млади талентирани уметници, кои денес не прават горди на својот успех. Се надевам дека ќе бидете секогаш креативни, ние ќе ве бодриме и поддржуваме, а вашите идеи ќе бидат наш приоритет“, кажа директорката Мила Жибак.
Проектот е поддржан од Шпанската амбасада, а на отворањето на изложбата присуствуваше и амбасадорот Рафаел Сориано Ортис. Изложбата е дел од културна програма за одбележување на 30 -години дипломатски односи помеѓу Шпанија и Македонија.
„Со нашите активности не сме присутни само во Скопје, туку и во другите градови во областа на образованието и културата. Токму иницијативата на училиштето „Перо Наков“ е причина што денеска уживаме во уметничките дела изработени од ученици, кои се инспирирани од шпанските уметници. Уметноста е најдобрата алатка за поврзување на двете земји, и верувам дека ова ќе биде почеток на една долгорочне соработка и зближување на нашите култури“, кажа амбасадорот Ортис.
Посетителите беа воодушевени од репликите кои ги изработиле учениците, и им одадоа признание за нивниот талент и труд.