×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Пијан кумановец малтретирал семејство

    08.01.2010 13:08 | KumanovoNews

    Игор С.(38) од селото Љубодраг три дена пијан, без причина го малтретирал своето семејство заканувајќи се дека сите ќе ги убие.

    Пијан кумановец малтретирал семејство

     Според полицијата, Игор во понеделникот под дејството на алкохол почнал да се расправа со својот татко, по што побарал нож од сопругата С.С. за да се пресмета со него. Во целата мешеница таткото успеал да побегне надвор, по што Игор истрчал по него, бркајќи го со секира по дворот, нo таткото се сокрил кај соседите.
    Изживувањето врз семејството  продолжило и наредните денови откако го пријавиле малтретирањето во полицијата. Игор бил приведен, но пред полицијата ги негирал обвинувањата и продолжил со теророт врз семејството.
    На Бадник, пијаниот сакал да се пресмета и со својот брат со кој живееле во ист двор. Почнал да тропа на вратата, но братот со семејството се заклучиле и него пуштале внатре. Изнервиран поради тоа, го искршил стаклото од врата и му се заканувал на братот дека сите ќе го убие.
    Полицијата го привела насилникот кој поради очигледното пијанство бил пренесен во болница. Откако го отрезниле успеал да побегне од кумановската болница, но брзо бил пронајден. Кумановската полицијата поднесе кривична пријава за загрозување на сигурноста и насилство.