Мени

Пожарите кај манастирот Матејче и Стрима сè уште активни, неопходно гасење од воздух

05.10.2026 09:29 | Сузана Николиќ

Пожарите кон манастирот Матејче и во селото Стрима сè уште се активни и потребно е да се гаснат од воздух, информира Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК).

Пожарите кај манастирот Матејче и Стрима сè уште активни, неопходно гасење од воздух

Во Матејче биле ангажирани три екипи од Шумско стопанство – Куманово, но поради непристапноста на одредени делови од теренот, екипите не биле во можност целосно да го локализираат пожарот и се повлекле од местото на настанот. Согласно добиената информација, за ефикасно гаснење на пожарот е потребно ангажирање на воздухоплов.

 Во с. Стрима, Општина Липково, пожарот се доближил до куќите и изгаснат е самите жители на селото. 

„Но, во повисоките делови на планината, на местото викано „Црвен Камен“ пожарот сè уште е активен. И во овој дел теренот е непристапен за интервенција од страна на екипите на терен, поради што евентуалното гаснење би можело да се изврши со авион. За состојбата се известени ТППЕ – Куманово, ДЗС – Куманово, Шумско стопанство – Куманово и Општина Липково“, соопшти РЦУК.

Во Општина Липково, пожар имало и кај  муслимански гробишта во с. Матејче и во с. Ваксинце.

Во Кумановскиот регион вчера на седум локации горела сува трева и стрништа. Противпожарната единица интервенирала ул. „Ѓорѓе Петров“, локација Туш маркет, во Индустриска зона, кај Лидл маркет, Поток Серава,  Пчински пат,  с. Љубодраг, во близина на фотоволтаиците над Поток Серава и покрај автопатот Куманово - Скопје.

Во Старо Нагоричане интервенирано е во с. Враготурце на запалена сува трева, сено и стара плевна. Во гаснењето на пожарот помогнале  припадници на полицијата, како и жители од селото.