Мени

Седница на Советот со 6 точки на дневен ред

04.10.2026 08:12 | KumanovoNews

Советот на Општина Куманово утре, понеделник,  ќе одржи редовна седница со 6 точки на дневен ред.

Седница на Советот со 6 точки на дневен ред

Советниците ќе расправаат по предлог-одлуката за привремени вработувања во Домот за стари лица „Зафир Сајто“, формирање на паралелки под 20 деца во основните училишта и по уште неколку актуелни прашања. 

Дневен ред

1.    Предлог – Одлука за давање согласност на барањето на ЈОУ Дом за стари лица „Зафир Сајто“ – Куманово за ангажирање на 10 (десет) работници по пат на отстапување преку агенција за привремени вработувања за период до една година;
2.    Предлог – Одлука за давање согласност за формирање на паралелки со под 20 ученици и комбинирани паралелки во општинските основни училишта во учебната 2026/2027 година;
3.    Предлог – Одлука за давање согласност за прифаќање на донација на движни ствари на ООУ „Бајрам Шабани“ – Куманово;
4.    Предлог – Одлука за пренесување на правото на трајно користење на движни ствари на Јавно претпријатие „Чистота и зеленило“ - Куманово;
5.    Предлог – Одлука за усвојување на Извештај-Елаборат за проценета висина на штети причинети од природни непогоди и други несреќи на територија на Општина Куманово во 2025 година;
6.    Предлог – Одлука за објавување на Jавен повик бр. 05-а/26 за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на 1 (еден) член на Управен одбор на Јавно претпријатие за изградба на инфраструктурни објекти „Куманово - гас“ – Куманово.