Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Претприемачки Сервис за млади со поддршка на Општина Куманово и Gestalt Solutions,викендов продолжува со обуката на тема „Започнување бизнис“ со цел да се промовира претприемничкиот дух и креирањето на нови бизниси помеѓу младите, со посебен акцент на жените во регионот.
Обуката „Започнување бизнис“ е дел од проектот „Намалување на невработеноста и сиромаштијата кај младите преку промоција на претприемништвото и креирање нови бизниси“ која се спроведува во 4 региони: Источен регион, Југоисточен регион, Полошки регион и Североисточен регион. Во обуката се опфатени млади невработени лица, кои имаат бизнис идеја, се мотивирани да започнат сопствен бизнис и сакаат да си го унапредат своето знаење пред да започнат со сопствен бизнис.
Обуките се концепирани детално да ги опфатат сите аспекти од еден бизнис, почнувајќи од кристализација на бизнис идеја, преку одредување на формата на регистрација на бизнисот, начинот на финансирање, промоција и маркетинг на производите и услугите.
Целата обука опфаќа 40 работни часови распоредени во дводневни предавања во времетраење од 5 недели.