Пролетна дератизација во Куманово
Општина Куманово информира дека во среда, четврток и петок ќе се врши дератизација, односно третирање против глувци на територија на општината.
- Третманот ќе се изврши со постваување на мамци во отворите од шахтите на постоечката канализациона мрежа, а ќе бидат опфатени и отворите што служат за собирање на атмосферската вода. Во случај третманот да не се изврши во предвидениот период, поради неповолните временски услови, истиот ќе биде одложено за наредниот ден. Препаратот што ќе се користи спаѓа во група на антикоагуланти и ќе биде во облик на парафински блок. Се предупредуваат граѓаните да не се движат во близина на поставените мамци, а во случај на наоѓање на родентицидот на отворено да не го допираат, - соопштуваат од Општина Куманово.

