Мени

Синдикалната кошница во септември достигна 69.432 денари

20.09.2026 19:27 | KumanovoNews

На едно семејство во Македонија во септември му биле потребни 69.432 денари за да ги покрие минималните трошоци за живот, според Синдикалната минимална кошница на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ).

 

Синдикалната кошница во септември достигна 69.432 денари

Ова е зголемување за 757 денари во споредба со август, кога вредноста на кошницата изнесувала 68.675 денари.

Сепак, трошоците значително растат за семејствата кои немаат сопствено живеалиште. Според ССМ, ако во пресметката се вклучи изнајмен стан од 60 квадратни метри, синдикалната минимална кошница за септември достигнува 84.807 денари.

Тоа значи дека само за еден месец минималните трошоци за живот се зголемиле за 757 денари, додека семејство кое плаќа кирија за стан од 60 квадрати би морало да обезбеди дополнителни 15.375 денари над основната вредност на кошницата.