Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Ниту едно дете од населбата Средорек се нема запишано на училиште во прво одделение. Ова беше соопштено на денешноит состанок на директорите од основните училишта и невладините организации, кои разговараа за овој проблем.
Ваквата состојба според директорите се должи на родителите кои сметаат дека обазованието не е потребно и корисно за нивната иднина.
Проблемот е во совеста на ромските родители. Ние од образованието сметаме дека невладините организации треба поактивно да работат на оваа прашање-изјави Нинослав Трајковски, директорот на „ Толи Зордумис„.
Невладините организации ветија дека ќе превземат потребни иницијативи за решавање на ова прашање.Околу 70 дечиња треба да се запишат во прво одделение од кумановските ромски населби Средорек и Бавчи.