„Српски вез„ настапи во Власина
14.07.2014 12:23
| KumanovoNews
Културно-уметничкото друштво „Српски вез“ викендов настапи на манифестацијата Власинско лето, која по 29-ти пат ја организира општината Сурдулица, Р Србија.
На манифестацијата настапија неколку културно-уметнички друштва како и бројни дувачки оркестри. Концертите беа покрај самото Власинско езеро и одлучно бевме примени од публиката- велат од друштвото.
КУД „Српски вез„ на 27-28 јули ќе настапи во Босилеград на меѓународен фолклорен фестивал. Во меѓувреме играорците се подготвуваат за својот годишен концерт за септември.