Маскенбалот „Батко Ѓорѓија“ утре на Градскиот плоштад во Куманово
15.05.2026 08:27
| Сузана Николиќ
На Градскиот плоштад во Куманово утре ќе се одржи овогодинешното издание на маскенбалот „Батко Ѓорѓија“.
Ревијата на маски ќе започне во 10:00 часот, а учество ќе земат ученици од сите основни и средни училишта од општината, како и децата од градинката „Ангел Шајче“.
Маскенбалот има ревијален карактер, па наместо награди, сите учесници ќе добијат благодарници за учество.
Манифестацијата е во организација на Фондацијата за култура и спорт „Куманово“, под покровителство на градоначалникот и Советот на Општина Куманово.
Маскенбалот „Батко Ѓорѓија“ се одржува по 22. пат.