×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • За првомајските празници движењето ќе биде дозволено од 5 до 14 часот

    28.04.2020 12:31 | KumanovoNews

     На денешната седница на Влада донесе одлука за ограничување на движењето на граѓаните на територијата на целата држава за време на првомајските празници.

    За првомајските празници движењето ќе биде дозволено од 5 до 14 часот

    На 1, 2 и 3 мај, односно петок, сабота и недела, ќе биде дозволено движењето на граѓаните од 5 часот наутро до 14 часот. Забраната за движење во целата држава ќе почнува во 14 часот и ќе трае до 5 часот наутро следниот ден.

    За лицата над 67 годишна возраст, во петок, сабота и недела ќе биде дозволено движење од 05 часот наутро до 11 часот.

    Сите деца и млади лица до 18 години, во петок, сабота и недела ќе може да излегуваат од 12 до 14 часот, - соопштуваат од Владата.

    Остануваат на сила сите други мерки за заштита од Ковид-19 донесени од Владата на Република Северна Македонија.