Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Деловна просторија и три автомобили биле запалени ноќеска во центарот на Куманово.
Од СВР Куманово велат дека првиот пожар кај нив бил пријавувен во 3.20 часот.
„Пријавено е опожарување на деловен објект на улица „11 Октомври“, сопственост на М.Ј. од Куманово, како и опожарени три патнички возила на улиците „Трст“, „Вардарска“ и „Никола Вапцаров“ во Куманово. Возилата се со кумановски таблички „фолксваген пасат“ , сопственост на Џ.Б., „ауди“, сопственост на А.Е. и „ауди“, сопственост на М.Ш.. Пожарите биле изгаснати од екипа на Територијалната противпожарна единица Куманово, а повредени лица нема“, соопшти МВР.
Екипа од СВР Куманово и Јавен обвинител извршиле увид на лице место.
„Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово изврши увиди на локациите каде беа опожарени два автомобили и една деловна просторија. Преземени се сите дејствија и се испитуваат причините и евентуалните мотиви за опожарувањето. Прибрани се траги од лице место кои ќе бидат предмет на вештачење, а се врши увид и во снимки од камери за видео надзор“, соопшти ЈОРМ.
Неофицијално запалени е фотокопирница на Фитор Јакупи, советникот на ДУИ во Советот на Општина Куманово, и на обвинителот Џелал Бајрами.
Советникот Јакупи објави фографии и напиша дека е запалена неговата канцеларија.
„Ве известувам дека денеска во раните утрински часови околу 3.05 часот од црна рака на непознати лица мојата приватна канцеларија во Куманово беше опожарена“, напиша Јакупи на социјалните мрежи.
ТППЕ Куманово интервенирала од 3.15 до 4:00 часот со 1 противпожарно возило и 5 пожарникари на запалена копирница на улицата „11 Октомври“. На улицата „Трст“ запалени се два автомобили, огнот се гаснел од 3.25 до 4.20 часот со 1 возило и 2 пожарникари.
„Пожарникарите во Куманово интервенирале на улицата „Никола Вапцаров“ од 5.40 до 6.15 часот на опожарување на возило со 1пп возило и 5 пожарникари“, соопштуваат од РЦУК Куманово.
(фото.социјални мрежи)