Во Куманово се одржа централната прослава за 11 Октомври Под мотото „Непокор и слобода" денеска на Спомен костурницата на паднатите борци од НОБ во Куманово се одржа централната манифестација на прославата на 11 Октомври - Денот на народното востание.
Градот првоборец - Куманово го празнува Денот на народното востание Македонија и градот првоборец, Куманово, денеска одбележуваат 82-години од Денот на антифашистичкото востание кога македонскиот народ се кренал во борба против фашистичкиот окупатор.
Свечена седница по повод 11 Октомври одржа Сојузот на борците во Куманово По повод празникот 11 Октомври, денеска во кружната сала на Комитет свечена седница одржа Сојузот на борците од Куманово.
Централната прослава за 11 Октомври ќе се одржи на Спомен костурницата во Куманово Под мотото „Непокор и слобода" , утре со пригодни настани ќе го одбележи државниот празник 11 Октомври - Ден на народното востание.
Здружението Онлајнмедиа бара и предлага конкретни решенија за законска регулација на онлајн медиумите За почеток, нужни се промени во Законот за медиуми, во Законот за авторски и сродни права и во Изборниот законик.
Прва изложба на олдтајмери на Градскиот плоштад во Куманово На Градскиот плоштад во Куманово утре за првпат ќе се одржи изложба на олдтајмери, возила постари од 30 години, која се организира во чест на празникот „11 Октомври“.
Започнa со работа Центарот за поддршка во учењето на ученици со попреченост во „Браќа Миладиновци“ Во посебни простории во ООУ „Браќа Миладиновци“, на ул. Тане Георгив, во поранешното училиште Карпош, започа со работа Центарот за поддршка на ученици со попреченост на кои ќе им се помага во учењето. започнува со работа Центарот за поддршка на ученици со попреченост на кои ќе им се помага во учењето.
Утре ќе одржи првата Кумановска суџуклијада, целодневна забава за посетителите во Касапски круг За прв пат годинава се организира гастрономската манифестација „ Кумановска суџуклијада“, која има цел да го промовира најпознатиот кумановски бренд, суџукот и колбасите. Замислена е како целодневна забава во популарниот Касапски круг, која ќе започне во 15 часот и ќе трае до крајот на работното време на угостителите.
Димитриевски ја промовираше новата партија „Знам“ Градоначалник на Куманово Максим Димитриевски, синоќа во Скопје ја промовираше новата партија „Знам“. Во хотелот „Холиде ин“ беше потпишана иницијативата за формирање на партијата од претставниците на 10 граѓански здруженија. Со тој чин се дава поддршка движењето да прерасне во политички субјект.
Утре без струја дел од градот и неколку приградски населби Прекин во снабдувањето со електрична енергија утре /10.10.2023/ во одреден дел од денот ќе имаат потрошувачите во централното градско подрачје и неколку приградски населби.
СДСМ ќе го прослави 11 Октомври со празничен пикник на игралиштето кај Спомен костурницата Општинската организација на СДСМ од Куманово во среда, во чест на големиот празник 11 Октомври - Денот на народното востание ќе организира традиционален празничен пикник кој ќе се одржи на фудбалското игралиште на Спомен Костурницата во Куманово, со почеток во 12.00 часот.
„Стамбен домар“ е фирмата што работи без лиценца, граѓаните се должни да склучат договор со нов управител, велат надлежните „Стамбен домар“ од Куманово е фирмата на која во февруари Регулаторната комисија за домување и ја одземала лиценцата и оттогаш наваму работи незаконски, информираат од Секторот за инспекциски надзор на Општина Куманово.
Уште една соседска иницијатива и успешна урбана приказна за соживот во „нашето маало“ Станарите од зградата 117 на улицата Моша Пијаде создале катче за соживот во „нивното маало“, покажувајќи со пример дека со заеднички сили може да се урбанизира заедничкиот простор и да се обезбеди место каде сите, и младите, и возрасните, ќе го поминуваат слободното време и ќе се релаксираат од секојдневните обврски.
На скопскиот аерoдром од денеска до ноември три часа порано за чекирање на багажот Патниците кои ќе ги користат авионските услуги на Меѓународниот аеродром Скопје, од денеска до крајот на ноември треба да пристигнат три часа пред летот за да го чекираат багажот.
Димитриевски вечерва во Скопје ќе ја промовира новата политичка партија ЗНАМ Во хотелот „Холидеј ин“ во Скопје, вечерва во 20 часот ќе се одржи промоција на нова политичка партија ЗНАМ - За наша Македонија, на градоначалник на Куманово Максим Димитриевски.
Заврши манифестацијата „Денови на мед“ во Куманово Одличнa организација и посетеност на традиционалната манифестација „Денови на мед“ во изминатите три дена во Куманово. Излагачите и купувачите се презадоволни од промоцијата на пчеларството, но и од квалитетот и продажбата на мед и на останати пчелни производи.