×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Рекорден број на излагачи и голема посетеност на Денови на медот во Куманово

    03.10.2024 21:57 | Сузана Николиќ

    Над 30 пчелари од Куманово и регионот ги изложија своите производи на традиционалната саемска манифестација Денови на медот во Куманово. 

    Рекорден број на излагачи и голема посетеност на Денови на медот во Куманово

    Убавото време ги измами кумановци во голем број да дојдат и да купат квалитетен мед и пчелини производи пред почетокот на зимата.

    „Целта на манифестацијата е нашите сограѓани ги запознаат вистинските пчелари од Куманово и кумановско, и дома да однесат квалитетен мед и пчелни производи, кои ќе ги набават од локални производители“, кажа Бобан Стошевски, претседател на Здружението „Пчела“ Куманово, на отворањето на саемот.

    Пчеларите велат дека проблемот со нелојалната конкуренција и понудата на сомнителен квалитет на мед по пониска цена мора што поскоро да се реши, бидејќи тоа штети не само на пчеларите, туку и на потрошувачите.

    „Најмногу трпат купувачите кои не го добиваат производот за кој плаќаат. Во развиените земји тоа многу добро е решено,  на секој производ на видно е истакнат процентот на мед и неговиот квалитет. Дали има 20, 30, 50 или 80 отсто мед, врз основа на тоа и се формира цената. Тогаш потрошувачот ќе знае што купува, а производителот не можа да сокрие што нуди. Вака трпи целата гранка“, вели Трајче Денчевски, пчелар кој има кошници во три села во околината на Куманово.

    Еден од најстарите производители на мед во Куманово Бранко Тасевски, кој во здружението „Пчела“ се зачленил од 1972 година, а во два мандати од 2007 до 2015 година бил негов претседател, вели дека досега не пропуштил ни една година да дојде на манифестацијата. Иако е во деветата деценија на животот тој со задоволство се сеќава на златните времиња за пчеларството кога од една кошничка се ваделе околу 50 килограми мед, што е незамисливо во денешно време.

    „ Тогаш природата беше почиста. Климата беше поблага. Сега се вади околу 20 килограми во добри години, а во лошите десетина. Се сменија времињата, се смени климата. Климатските промени влијаат на природата, летата се многу сушни,  високите температури и сонцето брзо го сушат поленот и нема храна за пчелите. Но, за разлика од тогаш, сега медот има повисока цена, и се движи по 600 денари за килограм. Пчеларството не е лесно како што се мисли, треба многу работа, љубов и посветеност за да се одржи еден пчеларник. Пчеларите и во лето и во зима мора да се грижат за пчелите, ако сакаат да има резултати “, кажува Бранко.

    Кумановското здружение брои 124 членови од Североисточниот регион, и е најголемо после Скопје. За членовите се организира континуирана едукација и соработка со другите здруженија во регионот, што дава резултати во зголемување на квалитетот и бројот на пчелари.  

    Саемот на медот ќе трае до сабота, а се организира во 24 пат.