Бензините поскапуваат за 1 денар, дизелот поевтинува за исто толку Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за еден денар по литар, а цената на дизелот се намалува за исто толку, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,84 отсто.
Почнаа подготовките за Бадниковата поворка во Куманово По осми пат во Куманово ќе се одржи детската бадникова поворка, која го најавува Христовото раѓање. Поворката ќе тргне од Соборниот храм „Свети Никола“ и ќе помине низ улиците во централното градско подрачје, по што прославата ќе се одржи на Градскиот плоштад, каде дечињата ќе ги пречека изненадување.
На граничниот премин Табановце уапсен командир, заменик и седуммина полицајци Во синоќешната полициска акција на граничниот премин Табановце се уапсени деветмина полицајци, меѓу кои и командир, заменик командир и раководител на смена.
Кумановец пријавен за исчезнат Самир Салиевски од Куманово од вчера (недела) е пријавен за исчезнат. Случајот во полиција го пријавиле од семејството.
Советниците утре ќе расправаат за Предлог-буџетот за 2023 година Советот на Општина Куманово утре ќе одржи редовна седница на која меѓу другото ќе се расправа за Предлог - буџетот на Општина Куманово за наредната година. На дневен ред се 26 точки, повеќето програми за работа на јавните претпријатија и установи.
Самостојна изложба на академскиот уметник Мирослав Величковски - Мире Во Салонот на Уметничката галерија во Куманово вечерва во 19 часот ќе биде отворена самостојна изложба на слики на академскиот уметник Мирослав Величковски - Мире.
Полициска акција на Табановце, патници чекаат со часови да ја поминат границата На граничниот премин „Табановце” во тек е акција на Министерството за внатрешни работи и на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК).
Коледарите ги набраа бадниковите гранчиња и ја најавија прославата на Бадник Со сечење на бадникови гранчиња во которското селото Колицко денеска започаа подготовките за одбележување на годинешнава прослава на Бадник, што по 25-пат го организира Здружението на граѓани „Коледари“ од Куманово.
Над 400 дечиња ќе добијат новогодишни пакетчиња од Форум на жени СДСМ Куманово Форумот на жени СДСМ Куманово ќе подели над 400 новогодишни пакетчиња на деца од социјално загрозени семејства како и дечињата на Одделот за онкологија на Детска клиника во Скопје.
Коледарите утре ќе берат бадникови гранчиња во Колитско, ги повикаа граѓаните да им се придружат Здружението „Коледари - чувари на традицијата“ од Куманово утре ќе ги берат бадниковите гранчиња во селото Колитско.
Празничен метеж на граничниот премин Табановце, за влез во земјава се чека од 20 минути до 2 часа Пред новогодишните и божиќни празници, зголемена е фреквенцијата на возила и патници на граничниот премин „Табановце“ на македонско-српската граница за влез во државата. Тоа создаде гужви на границите, па граѓани од преминот кажуваат дека синоќа чекале и до два ипол саата за да влезат во државата.
Се заканил дека ќе го убие ако не му даде 1000 евра, кумановец осомничен за разбојништво Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 38-годишен кумановец за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Поради магла намалена видливост на патот Куманово - Скопје Видливоста на патот Куманово-Скопје намалена е од 50 до 60 метри, поради појава на магла.
Дедо Мраз на мотор пристигна на Градскиот плоштад во Куманово На градскиот плоштад во Куманово денеска по 15. пат се одржа хуманитарната манифестација „Дедо Мраз на мотор“, која ја организира Мото клубот „Мечки“ од Куманово.
Од денеска почнува новогодишната програма на Куманово Со концертот на оперскиот пејач Дарко Тодоровски вечерва ќе започна програмата за Нова година во Куманово, која ја организира Фондацијата за спорт и култура во Куманово.
Ковачевски и Спасовски кажаа дека наскоро ќе се поправи кровот на училиштето во кое учеле Премиерот Димитар Ковачевски и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски при вчерашната работна посета на Куманово го посетија и основното училиште „Браќа Миладиновци”, во кое учеле и двајцата, при што кажаа дека е во тек постапката за санација на кровот.