Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Дрво високо десетина метри во саботата падна на плочник пред зграда на улицата „Октомвриска револуција“ во Куманово , при што повреди едно лице, а оштети деловен објект. Инцидентот се случил околу пладне, кога фрекфенцијата на луѓе во тој дел на градот е голема, па среќа што нема поголеми последици.
„Дрвото падна оддеднаш. Само нешто пукна и се струполи. Момчето излегуваше од еден од објектите и си гледаше во телефонот кога дрвото почнало да се крши и тој додека успеа да побегне го зафати“, велат соседите кои биле очевидци на настанот.
Случајот го потврдија и од Кумановската полиција, кои велат дека на 11. ноември околу 13.40 часот во СВР Куманово било пријавено дека на бул.„Октомвриска револуција“ во Куманово паднало дрво.
„Притоа, М.С. од Куманово се здобил со повреди, а бил оштетен и објект на спортска обложувалница. Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово“, соопшти МВР.
Претседателот на месната заедница „Панче Пешев“ Александар Трајковски, вели дека врбата се исушилa во текот на летото, а во септември тие пријавиле во ЈП „Чистота и Зеленило“ да ја отстранат, бидејќи има опасност да падне.
„Дрвото беше суво и труло и се гледаше дека брзо ќе падне. Крцкаше кога ќе застанеш до него. Дождовите и силниот ветар минатата недела ја натопија земјата и допoлнително го размрда стеблото, а врбата има слаб корен. Ние уште во септември пријавивме да се отстрани. Можеше некој да загине, а има штета и на првиот објект“, вели Трајковски.
Од ЈП „Чистота и зеленило“ се правдаат дека минатата недела се обиделе да го исечат сколонопадното дрво, но кога нивната екипа излегла на терен не можеле да работат од паркираните автомобили.
„Нашата екипа излезе на терен целосно подготвена, дури изнајмивме и корпа, но поради паркирани возила не можевме да работиме. Беше повикана екипа на СВР Куманово, но тука има и обележани паркинг места, па полицијата и пајак-службата не можеа да интервенираат. Потоа екипата се повлече, за само некој ден подоцна да се случи немилиот настан“, изјави Цветанка Ивановска, техничка директорка во претпријатието.
Во саботата веднаш по направениот увид на полицијата, гранките и коренот се отстраенти и просторот е расчистен од сметот.
„И на спротивната страна на паркингот има исто такво суво дрво и не можеме да интервенираме од истите причини, мора да се тргнат возилата и да ни се остави простор за работа. Секоја настаната штета додека работиме паѓа на товар на претпријатието. Затоа апелираме до граѓаните да ги остранат возилата, се работи само за неколкучасовна интеревенција наменета за нивна безбедност и безбедноста на нивниот имот“, апелира Ивановска.
ЈП „Чистота и зеленило“ согласно Програмата за уредување на јавни површини и уредување на градско зеленило, која ја одобрува Советот на Општина Куманово, има обврска да врши редовно кроење и уредување на дрвјата на површините кои се во програмата, додека за склонопадните дрвја кои преставуваат опасност за граѓните има друга постапка.
„Доколку граѓаните сметаат дека има одредено склонападно дрво, тоа треба да го пријават во Секторот за комунални работи на Општина Куманово. Тогаш комисија од општината излегуваат на терен и изготвуваат решение со кое се наложува ние да го отстраниме дрвото, или доколку се работи за имот во приватна сопственост тогаш се обврзува самиот сопственик да го исече или уреди тоа дрво. Како јавно претпријатие ние не смееме да работиме без довола, мораме да имаме решение за таква сеча. Граѓаните најмногу реагираат на сеча на дрвјата во централното градско подрачје, меѓутоа неминовно е да има такви случаи, кога дрвата се закана со некоја потешка негативна последица, за уништување на имот или повреда на некое лице. Во рамките на програмата за одржување ние се придржуваме до програмата“, изјави директорот Даниел Стојчевски на седница Совет.