Мени

Фабрика во Прешево го загадува воздухот во Куманово

Фабрика во Прешево го загадува воздухот во Куманово

Фабрика која се наоѓа во близина на македонската граница на територија на Србија го загадува воздухот во Куманово. Откако вчера алармиравме за проблемот, денеска надлежните од Општина Куманово велат дека интервенирале на терен и дошле до сознанија од граѓани, дека во вечерните и утрински часови облак на црн чад се спушта на македонска територија. 

Наутро и навечер воздухот во Куманово смрди, ги пече очите и тера на повраќање, инспекцијата испитува кој загадува

Наутро и навечер воздухот во Куманово смрди, ги пече очите и тера на повраќање, инспекцијата испитува кој загадува

Веќе една недела граѓаните на Куманово во вечерните и утринските часови чувствуваат непријатна миризба, која ги пече очите и тера на повраќање. Загадувањето на воздухот почнува во попладневните часови, а кулминира околу 22 часот кога градот е обвиткан во густ чад со мирис на изгорена гума, особено населбите во пониските делови. Уште посилна миризба се чувствува наутро.

„Графит фест“ не доби поддршка од Општината поради непотполна документација, тврдат од Секторот за култура

„Графит фест“ не доби поддршка од Општината поради непотполна документација, тврдат од Секторот за култура

Проектот „Графит фест“ не доби финансиска поддршка од Општина Куманово, затоа што Здружението на ликовна уметност „Форма“ не достави комплетна документација на јавниот повик за финансирање на проекти од Програмата на културни манифестации за 2022 година, велат од Општина Куманово. 

Дизелот поскапува за еден денар, бензините остануваат по иста цена

Дизелот поскапува за еден денар, бензините остануваат по иста цена

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) денеска донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,36%, при што за еден денар се зголемува цената на дизелот и на маслото за домаќинство, а цената на бензините останува непроменета.  

Приведен кумановец, се сомничи дека извршил кражби во станбен и деловен објект

Приведен кумановец, се сомничи дека извршил кражби во станбен и деловен објект

Полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.Р.(25) од Куманово поради постоење основи на сомнение дека  во станбен објект на улица „Лесковачка“ во Куманово и во деловен објект на булеварот „Трета македонска ударна бригада“ во Куманово извршил кражби при што одзел повеќе предмети.