Илиевски доби дрес со број 12 од РК Куманово Кандидатот на СДСМ за градоначалник на Куманово, Оливер Илиевски, вечерва присуствуваше на тренинг на Ракометниот клуб Куманово, со цел да ја искаже поддршката кон клубот и воопшто за развојот на спортот во градот.
Димитриевски: Ќе ги уредиме сите речни корита во градот Независниот кандидат за градоначалник Максим Димитриевски, доколку добие втор мандат од граѓаните најави дека во следните 4 години ќе направи капитални инвестиции во уредување на сите речни сливови во градскиот опфат, почнувајќи од автопатот па се до завршетокот на речното корито кај Кумановска бања.
Предвидуваме конкретни мерки со кои чевларската дејност постојано ќе се развива, кажа Димитровска Кандидатката за градоначалничка на Куманово од ЛДП и ДОМ, Теодора Димитровска, денеска при обиколка на погон за производство на чевли потсети дека ЛДП беше првата партија во градот, која побара Куманово да се ребрендира како чевларски град.
Реконструкцијата на магистралниот пат Куманово - Страцин влегува во завршна фаза Потпретседателот на Владата, Љупчо Николовски и министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, денеска ја пoсетија локацијата кадешто во тек е рехабилитацијата на магистралниот пат Куманово - Страцин.
Еден починат и 25 новозаболени од коронавирус во Куманово Регистрирани се 386 нови случаи на ковид-19, а направени се 3.791 тестирања.
Павловски: Куманово е град во кој живее културата и уметноста Кандидатот за советник во идниот совет на општина Куманово Николај Павловски, денеска одржа прес-конференција на која информираше за проектите кои ќе се имплементираат во секторот култура по победата на локалните избори.
Понеделник неработен ден - продолжен викенд за сите граѓани Денот на народното востание - 11 Октомври е неработен ден за сите граѓани во државата, поради што ни претстојат три дена за одмор.
За 4 години ќе изградиме три катни гаражи со 1418 нови паркинг места, најави Јакимовиќ За трајно решавање на хаосот со паркирањето и воспоставување на ред во сообраќајот во централното градско подрачје, во рамките на буџетот на Општина Куманово во наредните 4 години планираме изградба на три нови катни гаражи со вкупно 1418 нови паркинг места, најави кандидатот за советник од НСДП, Благојче Јакимовиќ на денешната прес конференција.
Започнува со работа Центарот за ран детски развој во населбата „Иго Тричковиќ“ Центарот за ран детски развој „Сонце“, кој се наоѓа во подрачното училиштето „Христијан Карпош“, во населбата „Иго Тричковиќ, од вторник (12 октомври) ќе започне со работа. Веќе е формирана една група од 18 деца, а доколку постои интерес од родителите ќе се отвори уште една група. Капацитетот на центарот е 50 дечиња.
Саат кула, туристичко биро и кино, најави Димитровска Во нашата програма е предвидено градење на Саат кула како вистинско обележје на градот, а во неа ќе се смести туристичко биро кое што туристите ќе можат да се обратат и да добијат информација за сите културни и историски знаменитости на градот, најави денеска Теодора Димитровска, кандидатка за градоначалничка од коалицијата на ЛДП и ДОМ „Одлучно за промени – приклучи се“.
Тони Михајловски позитивен на коронавирус Кандидатот за градоначалник на Куманово од ВМРО-ДПМНЕ, актерот Тони Михајловски е позитивен на ковид-19. Тој информацијата вечерва ја сподели со јавноста преку видео порака на Фејзбук.
Двајца починати и 34 новозаболени од коронавирус во Куманово Две лица на возраст од 82 и 86 години ја изгубиле битката со коронавирус, а уште 34 новозаболени се регистрирани во последните 24 часа во Центарот за јавно здравје во Куманово.
Колевски: Продолжува реконструкцијата на Соколана, а ќе се реконструира и Градскиот стадион Враќање на кумановскиот спортски дух, овозможување терени и опрема за поттикнување на спортските активности како и ревитализација на градскиот храм на спорт - Соколана се едни од главните приоритети на иницијативата „За наше Куманово” застапени во изборната програма, истакна Филип Колевски, кандидат за советник во идниот Совет на општина Куманово од граѓанската иницијатива „За наше Куманово“ на денешната прес конференција.
Во близина на Табановце уапсен полицаец додека шверцувал мигранти Кај напуштена бензиска пумпа пред с.Воиновиќ, кумановско, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот го лишиле од слобода С.Ј.(44) од Велес, вработен во Полициската станица Велес.
Денови на мед од утре пред Центарот за култура во Куманово На плоштадот пред Центарот за култура, утре започнува традиционалната манифестација Денови на мед.
Кампањското одржување на парковите ќе го замениме со континуирана грижа за зелените површини, најави Јакимовска Зелената агенда претставува императив во нашата прогарама „Најдоброто за Куманово„. Наша цел, е за 4 години да имаме чист и зелен град. За остварување на оваа цел го предлагаме проектот „Мој еколог“, со кој проект предвидуваме уредување на секој слободен квадрат, кажа на денешната прес конференција, Тања Јакимовска кандидат за члена на Совет од СДСМ.