Јулските пензии повисоки за 1,2 отсто Пензионерите со јулската пензија ќе добиваат поголема пензија по основ на усогласување на пензијата со порастот на трошоците за живот, кој во првото полугодие од 2021 година (период: јануари-јуни 2021 година), во однос на второто полугодие од 2020 година (период: јули-декември) изнесува 1,2%.
Уште 1.100 стечајци ќе бидат материјално обезбедени, кажа Димитријевска Со новиот Предлог-закон се зголемува опфатот на дополнителни 1.100 стечајци, кои ќе добијат можност да остварат месечен надоместок во износ од 9.242 денари, односно 34 проценти од просечната месечна нето плата исплатена по работник претходната година.
Приведен кумановец баран по потерница На Граничниот премин Табановце, на влез во државата, лишен е од слобода Р.О.(32) од Куманово.
Пензионерите со ниски примања да се пријават за бесплатен превоз Пензионерите кои имаат пензија до 11 илјади денари можат да се пријават во Здружението на пензионери во Куманово, за да добијат билет за користење на бесплатен јавен градски и приградски превоз.
Отворениот градски базен се уште затворен за посетители Oтворениот градски базен во Куманово се уште не е пуштен во работа иако е средина на јули. Најпосакуваното место за бегство од летните горештини, стои затворено и ја нема намената за која е направено.
Казнети 54 возачи за пребрзо возење на територија на СВР Куманово На подрачјето на СВР Куманово вчера од 8 до 12 часот спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната. Притоа санкционирани се 54 возачи, од кои двајца возеле со брзина од над 50 километри на час над пропишаната.
Не го потценувај заморот - Вози одморен, акција на МВР и РСБСП на граничниот премин Табановце Покрај брзото возење и алкохолот, заморот е една од главните причини за предизвикување на сообраќајни незгоди во летниот период. Особено критична е делницата од граничниот премин Табановце до Гевгелија и обратно, каде што секоја година се случуваат по неколку сообраќајни незгоди со тешки последици.
Над 28.000 метри кубни вода се троши дневно во Куманово, за 30 отсто повеќе во однос на другите месеци Во просек околу 28 илјади метри кубни вода се троши дневно изминатиот месец во Куманово. Поради високите температури потрошувачката на вода е зголемена од 30 до 50 отсто, затоа што се користи за полевање на тревници и бавчи.
Тројца новозаболени од коронавирус во Куманово Во Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) во Куманово регистрирани се три нови случаи на ковид-19.
„Пасат“ удри во пешак на „Доне Божинов“ Осумдесет и шестгодишен старец е повреден во сообраќајна незгода на улицата „Доне Божинов“ во Куманово.
Греен Мобиле нов мобилен оператор со префикс 073 во Куманово Новиот мобилен оператор Греен Мобиле, со префикс 073 е компанија која е формирана за да ја зголеми конкурентноста на пазарот на мобилната телефонија и мобилни услуги со цел да внесе поквалитетна и пофлексибилна понуда до секој корисник како приватно лице или бизнис корисик.
Денеска и утре без струја повеќе села Во текот на денешниот ден и утре без електрична енергија ќе останат повеќе села во Кумановско и Старо Нагоричане.
Претставата „Трнорушка“ утре во Центарот за култура Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“, Куманово, утре (вторник) во 18 часот, ќе се игра претставата на култната бајка „Трнорушка“ во режија на Бојана Краљевска.
Изгорел автомобил во движење на „Смилчинска кривина“ Автомобил во движење се запалил и изгорел на магистралниот пак Куманово - Крива Паланка, на м.в. „Смилчинска кривина“.
Филипче: Денеска започнува пријавувањето за вакцинирање на децата Од денеска до четврток, ќе биде отворен сајтот vakcinacija.mk за закажување на термини за вакцинација на децата. Секој родител или стрател кој сака да се векцинира неговото дете ќе треба да го пријави на веб страницата, по што ќе добијат термин за вакцинација. Вакцинирањето ќе почне во петок.
Вработен и тројца затвореници повредени со остар предмет во тепачка во К’шање Четири лица, меѓу кои и еден затворски службеник се повредени во масовна тепачка, која вчера се случила во Казнено-поправната установа Куманово - затвор К`шање.