Во Ранковце санирани дел од штетите од невремето, дел се утврдуваат Штетите од невремето што ја зафати општина Ранковце во саботата попладне полека се санираат, но голем дел од нив се уште се утврдуваат и проценуваат.
Наместо шест бесплатниот превоз за пензионерите ќе трае три месеци Советот ја измени одлуката што ја донесе на минатата седница за спроведување на мерки за субвенционирање на трошоци за јавен градски и меѓуградски превоз за 2021 година за одредена група на пензионери. Наместо првично предвидени шест месеци сега субвенциите ќе траат три месеци.
Во Куманово нема новозаболени од ковид-19, активни се 11 случаи Во последните 24 часа регистрирани се 14 нови случаи на ковид-19, а направени се 2.876 тестирање. По градови:Тетово – 8, Гостивар – 3, Скопје – 2 и Струга – 1.
Казнети 82 возачи за брзо возење на автопат Куманово – Скопје - Велес Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата, денеска спроведе зајакната акциска контрола на автопатот Куманово – Скопје - Велес за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената. Притоа се санкционирани 82 возачи.
Куманово доби 47,7 милиони денари за изградба на канализациja во Табановце, Четирце и Сопот Владата одобри 800 илјади евра на Општина Куманово за изградба на канализациja во селата Табановце, Четирце и Сопот.
Невреме со дожд и силен ветер во Ранковце, предизвикана голема штета Oпштина Ранковце попладнево ја зафати големо невреме проследено со пороен дожд и силен ветер.
Во понеделник започнува теренската вакцинација во Старо Нагоричане Во понеделник ќе започне теренската вакцинација провид ковид-19 за жителите во општината Старо Нагоричане.
Советот изгласа еднонасочен сообраќај на кракот на „Октомвриска“ Советот го прифати предлогот на Општина Куманово да се измени режимот на сообраќај на кракот на Октомвриска револуција, на потегот од Жмара до Мај маркет, од двонасочен во едноснасочен.
Владата предводена од СДСМ успешно се справува со економските предизвици, вели Георгиевска Периодот кој е зад нас и во периодот кој доаѓа Владата предводена од СДСМ успешно се справува со економските предизвици кои се клучни за животот на граѓаните. Економските мерки кои се спроведоа допринесоа до раст на платите и растот на извозот, кажа на денешната прес конференција претседателка на Форум на жени Куманово, Јасмина Георгиевска.
Кумановец ја силувал својата ќерка, снимал и видеата ги објавувал на Интернет Триесет и деветгодишен кумановец ја силувал својата ќерка, снимал со мобилен телефон и видеата ги објавувал на социјалните мрежи. Грозоморниот чин го повторувал неколку пати во периодот од мај до јуни годинава.
Химната на Куманово не ги претставува сите етнички заедници во градот, регираат советниците Албанци Песната „Ода за Куманово“, која градоначалникот Максим Димитриевски ја претстави како химна на градот, предизвика револт кај советниците Албанците. Тие прашаа како може да се прави песна посветена на градот, која е финансирана од парите на сите граѓани, а притоа да нема елементи и уметници од сите етнички заедници.
Кумановската касарна ќе се грее на гас Касарната „Боро Менков“ во Куманово, наредната зима ќе се грее на природен гас наместо на мазут и нафта.
Пожар во напуштена куќа во Руѓинце Во кумановското село Руѓинце се запалила сува трева, а пожарот зафатил напуштена куќа.
Улицата од Жмара до Мај маркет ќе стане еднонасочна Крак од улицата Октомвриска револуција на потегот од Жмара до Мај маркет ќе стане еднонасочен. Општина Куманово преку Секторот за комунални дејности изработи проект кој го прифатила Комисијата за урбанизам, и утре ќе се најде на седница на Совет.
Без вода потрошувачите на повеќе локации во градот Поради интервенции на водоводната мрежа денеска времено без вода ќе останат потрошувачите на неколку улици во градот.
Педесет и деветта седница на Советот на Општина Куманово Советот на Општина Куманово утре ќе одржи редовна седница. На дневен ред се 14 точки, а советниците ќе расправаат за нови вработувања во Куманово-гас, утврдување на цената за користење на спортските терени на Соколана, измена на режим на сообраќај на неколку улици, разрешување и именување на членови на комисии и управни одбори и др.