Казнети 43 возачи поради пребрзо возење Денеска (02.07.) во периодот од 7 до 11 часот на подрачјето на СВР Куманово спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната. Притоа санкционирани се 43 возачи на територија на СВР Куманово.
Во Куманово уште само 10 активни случаи на ковид-19 Од вкупно 8882 –ца заболени од ковид-19 во Куманово, активни се само уште 10 лица, а во денешната статистика на Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје нема новозаболени.
Вложуваме во подобрување на условите и услугите за пензионерите вo Куманово, кажа Димитриевски Oпштина Куманово ќе продолжи да дава придонес за пензионерите и со понатамошната соработка ќе им обезбеди подобри услови во сите сфери од општествениот живот, истакна градоначалникот Максим Димитриевски на денешната работна средба со претставници на Сојуз на здружението на пензионери на РСМ и Здружението од Куманово.
Авионско прскање против комарци во Куманово Во понеделник во раните утрински часови ќе се изврши авионско прскање против комарци на територија на Општина Куманово.
Општинските инспектори бараат независност во работењето, без притисок од локалните власти Во услови кога локалните инспекциски служби се под ингеренции на општините не можеме да зборуваме за целосна независност во работењето и постапувањето. Тие се и основачи на јавните претпријатија, па така доведени сме во ситуација работата главно да ја насочиме кон правните и физички лица, со што од старт ги кршиме начелата на непристрасност и законитост, беше истакнато на работилниците за зајакнување и зголемување на ефикасноста на локалната инспекција, кои се одржаа во Куманово.
Донирани 10.000 вакцини Астра Зенека од Хрватска Во Македонија пристигнаа уште 10.000 вакцини Астра Зенека, донација од Република Хрватска, а по тој повод денеска беше организирана средба помеѓу хрватскиот министер за надворешни работи Гордан Грлиќ Радман и министерот за здравство Венко Филипче.
Тања Тодоровска нова директорка на училиштето во Умин Дол Тања Тодоровска, професор по музичко образование и изведувач на народни инструменти е избрана за нов директор на Основното училишта „Карпош“ во село Умин Дол.
Во Куманово 12 оздравени, нема новозаболени од коронавирус Во последните 24 часа се направени 2.531 тестирање, а регистрирани се 5 нови случаи на ковид-19. По градови во: Скопје – 2, Велес, Кавадарци и Берово – по 1, информира Министерството за здравство.
Се запали приколка од трактор, пожарот зафати и нива Вчера во 11.30 часот било пријавено дека настанал пожар во приколка прикачена на трактор кој бил во движење во атар на село Никуљане кај м.в. “Шуме”, Општина Старо Нагоричане.
Вториот Mеѓународен фолклорен фестивал ќе се одржи од 20 до 22 август во Куманово Започнаа подготовките за Вториот меѓународен фолклорен фестивал Куманово, кој ќе се оддржи од 20 до 22 август во Куманово.
Од денеска без роаминг меѓу земјите од Западен Балкан Од денеска се укина роамингот за телефонски разговори, СМС пораки и интернет меѓу Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија, Косово и Босна и Херцеговина, со што се заокружува примената на Договорот од Вториот дигитален самит од 2019 година меѓу петте држави од Западен Балкан.
СДСМ убедливо ќе победи на локалните избори во Куманово, порачаа учесниците на трибината „Најдоброто за нашата општина“ Од трибината „Најдоброто за нашата општина“, која синоќа се одржа во Куманово, СДСМ испрати порака дека е фаворит на локалните избори, без разлика кој ќе биде кандидат за градоначалник, затоа што последните 4 години од нивното владеење ги оправдале очекувањата на граѓаните и го унапредиле условите за живеење во општината и државата.
Пожар на нива со жито во Лопате Во пожар вчера изгоре жито на нива во кумановското село Лопате. Пожарот избувнал околу 13.30 часот, а пожарникарите им требало два часа да го стават под контрола.
Во Музеј Куманово вечерва отворање на изложба „Еклектични изохипси“ Во Уметничката галерија при НУ Музеј - Куманово, вечерва, во 19 часот, ќе биде отворена самостојна изложба на слики под наслов „Еклектични изохипси“ на авторките Катерина Деспот и Васка Сандева.
Пo 60 години реконструиран Центарот за вработување во Куманово Комплетно е реконструирана зградата во која што се сместни службите на Центарот за вработување во Куманово.
Започна вакцинацијата со „Синовак“ Од денеска во вакциналните пунктови низ државата започна да се аплицира вакцината на кинескиот производител „Синовак“, откако истата ги помина сите потребни законски процедури.