Без вода неколку улици и една приградска населба Поради интервенции на водоводна мрежа денеска без вода ќе останат потрошувачите на пет улици и една населба во Куманово.
Двајца починати и 56 новозаболени од ковид-19 во Куманово Во Центарот за јавно здравје во Куманово, регистирани се двајца починати, 56 новозаболени и 23 оздравени од коронавирус.
Во Лојане пронајден повреден мигрант Полициски службеници од станицата Сопот, синоќа во 23.40 часот во с.Лојане, пронашле повреден мигрант од Авганистан.
Жител на Старо Нагоричане патувал без дозвола во време на полициски час Д.Ѓ.(35) од с.Старо Нагоричане, заработи кривична пријава поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија”.
Кумановец со автомобил удрил во полицаец Во СВР Куманово, вчера бил приведен М.С.(45) од Куманово, бидејќи околу 12.30 часот на ул.„Иво Лола Рибар“ во Куманово, управувајќи патничко моторно возило „пасат“, удрил во полициски службеник од СВР Куманово кој извршувал службени дејствија.
Приведено лице за доиздржување на затворска казна Полициски службеници од СВР Куманово вчера во 20.30 часот, го привеле Н.А.(21) од с.Слупчане, кој се барал со потерница за доиздржување на затворска казна.
Успешно заврши обукaта за фризери во студиото „Нате“ Успешно заврши првата обука за фризери во студиото „Нате“ во Куманово, која се спроведуваше преку програмата „За побарувани занимања“, поддржана преку Агенцијата за вработување.
Општина Куманово почна со дистрибуција на решенија за данок на имот и фирмарина Секторот за даноци и такси при Општина Куманово, од вчера почна со дистрибуција на решенијата за данок на имот за правни и физички лица и комунална такса - фирмарина за 2021 година. Решенијата се испратени по пошта, а надлежните апелираат до граѓаните навремено да ги платат обврските.
Со 90 новозаболени од коронавирус Куманово веднаш зад Скопје Во Центарот за јавно здравје во Куманово денеска се регистрирани 90 новозаболени и еден починат од компликации на ковид-19.
Цело одделение во самоизолација, учителката позитивна на коронавирус Учениците од едно одделение од основното училиште се во самоизолација откако учителката и една професорка се заразиле од ковид-19. Станува збор за 20-тина ученици од трето одделение.
Велосипедски патеки на една коловозна лента на „Трета МУБ“ и „Октомвриска“, предвидува Планот за урбана мобилност Една коловозна лента на најголемите сообраќајници да се користи како велосипедска патека, предвидува Планот за одржлива и урбана мобилност, кој е нов концепт за урбанистичко планирање на Куманово.
Советниците бараат нови паркинг места и воведување на зоната Б во градот Советниците од позицијата и опозицијата на последната седница побараа од Општината и ЈП „Куманово-паркинг“ да ги зголемат паркинг местата во градот и да ја прошират Б зоната, којашто со години наназад се најавува.
Уште еден починат од коронавирус, 34 новозаболени во Куманово Еден починат, 34 новозаболени и 27 оздравени од ковид-19, се регистрирани во денешниот извештај за Куманово.
Пронајдено оружје во импровизирана работилница во Куманово Едно лице е приведено затоа што во неговиот дом е пронајдена импровизирана работилница за оружје.
Кризниот штаб бара младите и угостителите да ги почитуваат мерките за заштита од ковид-19 Општински штаб за заштита и спасување, бара од младите и сопствениците на угостителските објекти, да ги почитуваат мерките за заштита од ковид-19 за да се спречи ширењето на вирусот.
Казнети 67 кумановци - не носеле заштитни маски Шеесет и седум кумановци ќе се соочат со парични казни затоа што не носеле заштитни маски на јавно место.