Фестивалот „Рома-труба фест“ по 15 пат во Куманово На Градскиот плоштад во Куманово, на 27 август, со почеток во 19 часот, по 15-ти пат ќе се одржи традиционалната музичка манифестација „Рома-труба фест“.
Општина Куманово ќе ангажира 11 образовни асистенти Општина Куманово ќе ангажира 11 образовни асистенти, кои ќе помагаат на при совладување на наставните содржини на ученици со попреченост. Со овој проект е предвидено да се ангажираат невработени лица, преку програмата за општинско-корисна работа за проектот „Моќта на децата.
Починале двајца кумановци, тројца здравствени работници новозаболени од коронавирус Тројца здравствени работници се помеѓу новите 18 случаи позитивни на коронавирус, регистрирани во изминатото деноноќие во Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) во Куманово.
„Со песна да ти кажам“ концерт на народна музика пред Центарот за култура во Куманово На платото пред Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, утре со почеток во 20:30 часот, ќе се одржи концерт на народна музика „Со песна да ти кажам“.
Граѓани шетаат деца и миленичиња на атлетската патека, спортистите се жалат дека не можат да тренираат Единствената современа атлетска стаза во Куманово, лоцирана покрај Соколанскиот парк, се уништува од несовесни граѓани, кои по неа шетаат деца и кучиња, возат велосипеди или ролери, и со тоа го попречуваат тренирањето, обвинуваат професионалните спортисти и рекреативци во градот.
Утре без струја дел од „Октомвриска“ Пет часа без електрична енергија утре ќе останат потрошувачите на дел од булеварот „Октомвриска револуција“.
Во четврток и петок ќе се прска против комарци во Куманово Во наредните два дена ќе се врши авио и терестично прскање против комарци на територијата на Општина Куманово.
Августовските пензии ќе се исплаќаат од 26 август во четири групи Владата денеска ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за август 2020 година, и го задолжи Фондот за пензиско и инвалидско осигурување да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до вторник, 25.08.2020 година, а им препорача на деловните банки од среда, 26.08.2020 година да обезбедат пензионерите со августовските пензии да може да располагаат преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа.
Наставата ќе се организира онлајн со исклучок на учениците до трето одделение Владата на денешната седница ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести за организирање на наставата во основните и средните училишта согласно кои образовната програма за 2020/2021 година треба да се одвива онлајн со исклучок на учениците до трето одделение.
Шест новозаболени и 18 оздравени од ковид во Куманово Во последните 24 часа регистрирани се 130 нови случаи на ковид-19 во земјата, а направени се 1742 тестирања.
Семејното насилство во пораст за време на коронакризата - „Седи дома“ не е безбедно за сите Зголемен е бројот на случаи на семејно насилство врз жените за време на коронавирусот во Куманово, во споредба со истиот период од минатата година.
Без вода потрошувачите на повеќе улици во градот Поради интервенција на водоводната мрежа денеска времено без вода ќе останат потрошувачите на повеќе улици во градот и приградските населби.
Почна закажувањето на термини за прегледи во јавните здравствени установи Почна закажувањето на прегледи и интервенции во електронскиот систем МојТермин. Сите јавни здравствени установи веќе ги креираат термините за прегледи и интервенции во септември, соопшти Министерството за здравство.
Куманово повторно на врвот со 24 новозаболени од коронавирус, во Липково двајца Куманово повторно е на врвот на листата со новозаболени од коронавирус во државата. Во изминатите 24 часа во Центарот за јавно здравје во Куманово откриени се нови 26 нови случаи позитивни на ковид-19. Од нив 24 се од Куманово и двајца од Липково.
Предавање на Јасмина Ќириќ во Куманово На Спомен костурница во Куманово, вечерва во 20 часот предавање на темата „Српска сакрална архитектура од 14 век на територијата на денешна Македонија“ ќе одржи д-р Јасмина С. Ќириќ, доцент на на Филолошкиот факултет во Крагуевац.
Синтезис и Љубоjна на Меѓународниот тамбурашки фестивал во Куманово Шеснаесетото издание на Меѓународниот тамбурашки фестивал „Куманово 2020“, оваа година ќе се одржи на 28 и 29 август, на градскиот плоштад во Куманово.