Владата донесе одлука да се врати спортската сала и другите спортски објекти на Куманово Владата на денешната седница донесе одлука спортската сала во Куманово и другите спортски објекти, кои дваесетина години беа под под концесија од приватни фирми, да се вратат на Општина Куманово.
Одбележан Денот на превентивно работење во полицијата Општински совет за превенција од детско претстапништво, Општински совет за безбедност на сообраќај на патишта и Локалната комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција, се само дел од телата кои функционираат, заради превентивно дејствување и спречување на појава на девијантните појави во Општина Куманово.
Од ноќеска поевтинуваат бензините Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за 1,5 денари по литар, а цената на дизел горивата останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Аптеки „Каисер“ донираа перници и топломери во Кумановската болница Перници и топломери донираше aптеката „Каисер“ на Инфективното одделение во Општа Болница Куманово. Донацијата е само прв дел од хуманитарната акција којашто се` уште трае.
МТСП ги повикува компаниите да исплаќаат К-15 на работниците Министерството за труд и социјална политики ги повикува компаниите да ги почитуваат обврските утврдени со Закон и со Колективен договор меѓу кои е и исплатата на К-15 до крајот на годината.
Протест против аерозагадувањето - „Куманово се гуши“ Граѓанската иницијатива „Македонија се гуши“, во недела во 5 до 12, пред Центарот за култура „Трајко Прокопиев“, организира протест поради големото загадување во Куманово.
76 години од битката на Дренак Здружението на армиски и полициски ветерани, утре (вторник) ќе ја одбележи 76 годишнината од битката на Дренак.
Тепачка во угостителски објект на „Октомвриска револуција“ Две лице се степале во угостителски објект на булеварот „Октомвриска Револуција“ во Куманово.
Кумановка најубава девојка на Медитеранот Девојка од Куманово е прогласена за најубава девојка на Медитеранот на интернационален избор за убавина во Анталија, Турција.
Затворениците од К`шање изработија урбана опрема Дрвени клупи, куќички за кучиња и птици, бетонски жардиниери и фонтана, изработија осудените лица во работилниците на казнено поправната установа Куманово, затвор Кшање, како дел од активностите за општо корисна работа.
Плаќал со туѓа картичка откако ги украл податоците на сопственикот Кумановската полиција поднесе кривична пријава против К.Р.(22) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.
Јовановска на Форум на градоначалнички од Југоисточна Европа во Сомбор Зајакнување на капацитетите на родовите политики и одговорно буџетирање е темата на Форумот на градоначалнички во Југоисточна Европа, што се одржува во Сомбор, Србија, а на кој учествува градоначалничката на Старо Нагоричане, Жаклина Јовановскa.
Без лиценца вршел превоз на дрва СВР Куманово поднесе кривична пријва против Г.С.(20) од с.Гошинце, Општина Липково, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“.
Без вода дел од градот, на две места пукнала главната цевка На улицата „Доне Божинов“, на две места на растојание од 500 метри, пукнала главната водоводна цевка Ф/300, поради што голем дел од градот од сабајле остана без вода.
Убавината на Старо Куманово како занаетчиски град исполнет со слога и другарство Куманово во минатото, како што покажуваат податоците бил релативно сиромашен град кој опстојувал од земјоделство и занаетчиство, но бил град на слога и другарство каде се славело кога некој занаетчија ќе заработел повеќе пари, па сите заедно се собирале во неговиот дуќан за да прослават.
Kокаин пронајден кај кумановец Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Д.Ј. (32) од Куманово, за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.