Општината со аеросолизација се обидува да го намали загадувањето на воздухот Екипи од ЈП „Чистота и зеленило“, со аеросолизација во централното градско подрачје, попладнево се обидуваат да го намалат загадувањето на воздухот во градот.
Се садат дрвца на „Гоце Делчев“ и „Трета МУБ“ ЈП „Чистота и зеленило“ ќе засади 200 нови садници во центарот на градот. Акцијата ја почнаа вчера од улицата „Гоце Делчев“, а ќе продолжат на булеварот „Трета МУБ“, кон Зелениот пазар.
УЈП почна со исплата на парични средства по основ на МојДДВ Управата за јавни приходи (УЈП) започна со исплата на парични средства согласно Законот за враќање на дел од ДДВ кај физичките лица.
Кумановец повреден при експлозија на плинска боца Ф.Т.(28) од населбата Доброшане се здобил со сериозни повреди кога во неговиот дом експлодирала плинска боца.
Куманово вечерва најзагаден град Куманово вечерва е најзагаден град во државата. Според апликацијата „Мој воздух“ во 18 часот концентрацијата на ПМ 10 честичките во воздухот изнесуваше 468 мг/м3, а во 21 часот 339 мг/м3. Тоа е за 9 односно 7 пати над дозволената граница 50 микрограми на еден метар кубен.
Млади музичари од Крива Паланка најдобри на фестивалот „Утринска ѕвезда“ во Банско Учениците од Основното училиште „Јоаким Крчовски“од Крива Паланка, освоија прва награда на Меѓународен фестивал на уметноста „Утринска ѕвезда“, што се одржа викендов во Банско, Република Бугарија.
Димитриевска и Додевски се закитија со медали на Државното пингпонгарско првенство во Штип Ива Димитриевска и Милан Додевски, ученици од гимназијата „Гоце Делчев“ во Куманово, членови на Пингпонгарскиот клуб „Рисови“ од Скопје, освоија две медали на 28-то Државно првенство во екипна конкуренција за јуниори, кое се одржа викендов во Штип.
„Имотот на агата“ премиерно во Кумановскиот театар Во Театар Куманово, утре во 20 часот, премиерно ќе биде изведена претставата „Имотот на агата“ работена според едночинката „Просидба“ од Чехов, а во режија на Марко Богдановски.
Без струја неколку населби и села Без напојување со електрична енергија денеска се неколку приградски населби и села во кумановско-липковскиот регион.
Без вода потрошувачите на четири улици Поради интервенции на водоводната мрежа, привремено без вода ќе останат потрошувачите на 4 улици во градот.
Трошна куќа на „Илинденска“ опасност за граѓаните Стара и трошна куќа, која се наоѓа на улицата Илинденска, спроти зградата на „Комитет“ , секој момент може да падне.
Владата ги прифати барањата на „Марш за чист воздух“ Владата ги прифати барањата кои ги поставија организаторите на „Марш за чист воздух“, заради заедничко обединување на институциите и граѓанскиот сектор во исполнување на Планот за чист воздух.
Литературен конкурс на тема „Новогодишна желба“ Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, распиша литературен конкурс на тема „Новогодишна желба“, за учениците од основните училишта. Конкурсот започна вчера, а ќе трае до 20 декември.
Црвен крст и граѓаните на Куманово донираа 76.000 денара за настраданите во Драч Црвениот крст Куманово во соработка со граѓанската иницијатива „Куманово за Албанија“, собра вкупно 76.250 денари и 500 литри флаширана вода за настраданите семејства во земјотресот во Драч.
Куманово за зимско одржување на улиците и патиштата ќе потроши 10 милиони денари Фирмата „КООП Инжинеринг“ од Куманово го доби тендерот за зимско одржување на улиците и патишата во Куманово. Договорот кој го склучила со општината тежи 10 милиони денари.
Форумот на жени на СДСМ Куманово против насилството врз жените Фoрумот на жени на СДСМ Куманово, заедно со локалниот клуб на млади на СДСМ, денеска се приклучи кон одбележувањето на кампањата „Шеснаесет дена активизам против родово базирано насилство“.