Советот изгласа Куманово да се збратими со Нови Сад Општина Куманово да се збратими со Градот Нови Сад, Република Србија, одлучија советниците на денешната седница.
Угостителските објекти со продолжено работно време три дена пред 11 Ноември Предлогот на Општина Куманово за угостителските објекти да работат со продолжено работно време за време на време на прославата на 11 Ноември - Денот на ослободување на Куманово, едногласно беше прифатен од советниците на денешната седница на Советот.
Литературен конкурс на тема „Град по ваша мерка“ Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ Куманово, распишува литературен конкурс на тема „Град по ваша мерка“, за учениците од основните училишта, кој започнува од денес, а ќе трае до 01.11.2019 година.
Баба ги принудувала внуците да питачат Кумановската полиција поднесе кривична пријава против кумановска, која ги принудувала своите малолетни внуци да питачат по кумановските улици.
Синови ограбиле татко, парите им испаднале додека бегале СВР Куманово поднесе кривична пријава против И.С.(30) и 17 годишен малолетник, двајцата од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“.
Кумановец се заканувал со нож на сограѓани на улица „Никола Тесла“ Кумановската полиција поднесе кривична пријва против Г.Д.(50) од Куманово, поради постоење основи на сомение дека сторил кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“.
Слепите лица бараат да се поместат сообраќајните знаци од сред тротоар да можат полесно да се движат Дислокација на вертикалната сообраќајна сигнализација од средината на тротоарите кон едната страна, за да можат слепите лица да непречено да се движат, беше едно од барањата кои здруженијата на слепи лица на Куманово и Штип го побараа од локалната власт во Куманово на трибината „Заедно посилни за подобар живот“, која што ја организираа на Денот на белиот стап – 15 Октомври.
Минималната плата ќе изнесува 14.500 денари Владата ја зголеми минималната плата на 14.500 денари, објави на владина седница премиерот Зоран Заев.
Триесет и трета седница на Советот на Општина Куманово Советот на Општина Куманово утре ќе одржи редовна седница. На дневен ред се 29 точки, од кои најголем дел се донесување на урбанистичко планска документација за селата во Општина Куманово.
Соња Тодоровска нова координаторка на Форумот на жени на СДСМ Куманово Соња Тодоровска е нова координаторка на Форумот на жени на СДСМ Куманово.
Премиерот Заев во посета на „Мултимедијанет“ Премиерот Зоран Заев, во придружба на министерот Оливер Спасовски, по работната посета во индустриската зона во Речица, ја посети и компанијата „Мулимедијанет“ во Куманово.
„Бегалка“ премиерно на затворањето на Денови на комедија Премиерно, пред кумановската публика, утре вечер во 20 часот во големата сала на Центарот за култура "Трајко Прокопиев“, ќе биде изведена претставата "Бегалка“, од Васил Иљовски, во режија на Ѓорѓи Ризевски.
Минимално паднаа цените на горивата Од ноќеска на полноќ, бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 поевтинува за половина денар по литар, а цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за еден денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
За една недела 61 возило подигнато од пајак службата во Куманово Во текот на изминатата недела издадени се 361 мандантен платен налог, 146 прекршочни платни налози и 61 возило е подигнато со специјално возило „пајак“.
Трговскиот центар „Сума“ слави роденден - награди и изнeнадувања за граѓаните Трговскиот центар „Сума“ во Куманово на 19 октомври прославува 10 години постоење и успешна работа. Деценија на многу труд, енергија и посветеност, за да се изгради во најпријатно и најфреквентно место во градот, по примерот на современтите шопинг центри со врвна услуга за уживање.
Српската претстава „Запознај го мојот татко“ вечерва на „Денови на комедија“ Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“, вечерва во 20 часот, на претпоследната вечер од Меѓународниот фестивал „Денови на комедија“, ќе биде прикажана српската комедија „Запознај го мојот татко“.