Премиера на краткиот филм „Метакосмија“ од Мартин Давитковски Во Театар Куманово утре (петок) во 19.30 часот, премиерно ќе биде прикажан краткиот филм „Метакосмија“, по сценарио и режија на Мартин Давитковски.
Mигранти пријавиле силување и грабеж во Лојане Тројца мигранти биле цел на напад од повеќе лица во липковското село Лојане.
Промоција на книгата „Хиени во градот“ од Милчо Бојковски Во малата сала на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, утре со почеток во 19 часот, ќе биде промовирана книгата „Хиени во градот“ од Милчо Бојковски.
Триесет и четврта седница на Советот на Општина Куманово Советот на Општина Куманово утре (четврток) ќе одржи редовна седница. На дневен ред се вкупно 43 точки, a ќе се расправа и за финансиското работење на јавните претпријатија „Чистота и зеленило“, „Водовод“, „Куманово гас“ и „Куманово паркинг“ и „Пазаришта“ .
Зголемување на платите и пензиите во буџетот за наредната година Со новиот буџет за наредната година ќе се зголемуваат пензиите и тоа во износ од 850 до 900 денари, најавија од Владата, презентирајќи го предлог буџетот за 2020.
Промоција на видео записот од Меѓународниот фолклорен фестивал „Куманово 2019“ Во салата на Младинскиот културен центар (МКЦ), поранешно кино Козјак, во петок во 12 часот ќе се одржи промоција на видео записот од Првиот меѓународен фолклорен фестивал „Куманово 2019“.
Дедо Љубе доби ослободителна пресуда за убиството и условна казна за поседување оружје Љубомир Митев (79) од Којково, на јавноста познат како дедо Љубе, ослободен е од обвинението за убиство и ранување на напаѓачите во неговиот дом во кратовското село Којково, a доби две години услова казна да не го повтори делото за 4 години, за нелегално поседување на оружјe.
Постигнат договор за зголемување на платите на лекарите Од февруари наредната година, платите на лекарите специјалисти ќе се зголемат за 25 проценти, додека пак на медицинските сестри за 10 отсто.
Загина пешак на патот Куманово - Крива Паланка На магистралниот пат Крива Паланка - Куманово, вчера во 15.40 часот, патничко моторно возило „мерцедес“, со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од Д.И.(60) од с.Борово, удрило во пешакот С.А.(67) од с.Градец, кривопаланечко.
Претставата „Ревизор“ на ФДУ во Кумановскиот театар Актерите кои неодамна дипломираа на Факултетот на драмски уметности во Скопје, во класата на Мими Таневска Србиновска и дем. Ангелчо Илиевски, денеска (вторник) во 20 часот во Театар Куманово, ќе ја играат претставата „Ревизор“ по текст на Николај Васиљевич Гогољ.
Свечена седница за Денот на ослободувањето и 500 години Куманово Одговорни сме за својот град, посветени на оддржувањето и негувањето на сите светли придобивки од минатото, вложувајќи сили и време во надоградувањето и развојот на сите позитивни и значајни капацитети, - истакна градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, на денешната свечена седница по повод Денот на ослободувањето на Куманово.
Ново поскапување на горивата Бензинот Еуросупер БС-95 поскапува за денар, а Еуросупер БС-98, дизелот и екстра лесното масло за домаќинства за половина денар од ноќеска на полноќ, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Отворена изложбата на кумановските ликовни уметници Во Уметничката галерија во Куманово, синоќа беше отворена изложбата на кумановските ликовни уметници, по повод пет века Куманово и Денот на ослободување на градот.
Седумдневна временска прогноза за Куманово Во текот на овој ден не` очекува претежно сончево време, со максимална температура до 16 степени, а веќе во вечерните часови се очекува облачно време со темпратура од 10 степени.
Пронајдена бомба од Втората светска војна Неактивирана рачна бомба од Втората светска војна, пронајдена е при вршење на градежни работи во Куманово.
На 11 Ноември 1944 година Куманово ја дочека слободата во радост и солзи На 11 Ноември 1944 година, Куманово осамнало ослободено од фашистичкиот окупатор. Борците кои учествувале во последните пресметки со германската војска, раскажуваа за тешките моменти и големата радост за слободата и големата победа над окупаторот.