До денеска пријавување за бесплатна вакцина против грип Од Министерството за здравство, информираат дека вакцинацијата против грип ќе започне на 22 ноември, а бесплатните вакцини се наменети за лица над 65 години, лица со хронички заболувања, деца на вораст од 6 месеци до 5 години, здравствени работници и бремени жени.
Основците или се насилни или секој ден трпат насилство на училиште На прашањето „Колку пати во последните неколку месеци е извршено насилство врз тебе во училиштето?“, 24 отсто од учениците рекле дека биле изложени на насилство во училиштата и тоа, 5,1 отсто намалку еднаш во неделата.
„Бегалка“ повторно во Театар Куманово Претставата „Бегалка“, по текст на Васил Иљоски, а во режија на Ѓорѓи Ризески, повторно ќе биде прикажана пред кумановската публика, во среда, со почеток во 20.30 часот во Театар Куманово.
Сообраќајот на сите патишта се одвива по влажни коловози Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози.
Променливо облачно со повремен дожд во текот на неделата Денеска времето во целата земја ќе биде променливо облачно, понекаде во котлините со магле, а на истокот со сончеви периоди. Ќе има повремени врнежи од дожд, особено претпладне.
Поткозјачки литературни средби во Куманово Во Занаетчискиот дом во Куманово, вечерва со почеток во 19 часот, ќе се одржи литературната манифестација Поткозјачки литературни средби 2019, во рамките на "Ноемвриски денови"-Ден на ослободување на Куманово, како и јубилејот 500 години постоење на Куманово.
Кумановец скокнал од камион за да се спаси, се здобил со тешки повреди Г.Л.(43) од Куманово е тешко повреден вчера околу 14 часот, откако изгубил конторла на возилото и скокнал од него за да се спаси. Повредениот бил пренесе во болницата во Крива Паланка, каде му е пружена лекарска помош.
Од декември минималната плата 14.500 денари На владината седница беше донесена одлуката покачувањето на минималната плата за 2.000 да започне од декември, по што ќе изнесува 14.500 денари. Во моментот минималната плата во државата изнесува 12.507 денари.
Од денеска задолжително носење на зимска опрема во возилата Од денеска 15. ноември, започнува законската обврска на граѓаните за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, која ќе важи до 15. март 2019 година, потсетува МВР.
Министерството за одбрана објави оглас за вработување на 125 професионални војници Министерството за одбрана, распиша конкурс за прием на 125 професионални војници на служба во Армијата на Република Северна Македонија.
Ниту еден класен раководител нема да остане без паричниот надоместок, вели Димитриевски Ниту еден класен раководител нема да остане без соодветен надоместок кој го прима по тој основ, рече градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски, по повод на објавените информации во медиумите дека средствата нема да бидат исплатени затоа што Општината нема пари.
Менса Македонија организира тестирање во Куманово Во Средното училиште „Перо Наков“ - Куманово, денеска во 18 часот ќе се одржи тестирање на општа интелигенција, заради прием на нови членови.
Изложба на скулптури „Музички орнаменти“ од Емил Солески во Куманово Во изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово, утре (петок) со почеток во 20 часот ќе биде отворена изложбата на скулптури со наслов „Музички орнаменти“ од скулпторот Емил Солески.
Модна ревија на обувки и облека во Куманово Здружението на чевлари Куманово во соработка со Општината, организира „Модна ревија на обувки и облека“.
Девојка прегазила пешак на патот Липково - Куманово Две лица се повредени во сообраќајна незгода на регионалниот пат Липково - Куманово.
Поставени нови кантички за отпад во центарот на градот Педесетина нови кантички за собирање на отпад се поставени во централното градско подрачјe.