Владата препорача и Куманово да се вклучи за субвенции за инвертер-клими Владата на вчерашната седница денеска донесе одлука да ѝ препорача на работната група за субвенции на инвертер клими да ја вклучи и општина Куманово на листата градови за примена на оваа мерка или да понуди решение за поддршка на граѓаните и на локалните институции за приклучување на системот за дистрибуција на гас во општината.
Засадни липи и јасени на три локации во градот Стотина садници денеска се засадени на неколку локации во градот, се со цел да се разелени градот, како една од мерките за намалување на загаденоста на воздухот.
Концерт на АнАнтонио пијано дует во Куманово Во малата сала на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово, денес во 20 часот, концерт ќе одржи пијано дуетот АНАнтонио.
Документарниот филм „Вања: Со маки сум се родила“ прикажан во Куманово Во Центарот за култура "Трајко Прокопиев" во Куманово, вчера пред кумановци беше прикажан документарниот филм „Вања: Со маки сум се родила“ во режија на Синиша Евтимов, посветен на животот и делото на легендарната пејачка на македонските народни песни Вања Лазарова.
Засилени инспекциски и полициски контроли за откривање на загадувачите на воздухот, препорача Општински штаб Зачестена аеросолизација и миење на улици во централно градско подрачје, како и засилени инспекциски и полициски контроли за откривање на фирми и несовесни граѓани кои вршат загадување на воздухот и животната средина, се дел од мерките кои ги донесе Општинскиот штаб за заштита и спасување на Општина Куманово на денешниот вонреден состанок, по зголемената загаденост на воздухот во текот на изминативе неколку денови.
Бензините поскапуваат, цената на дизелот останува иста Цените на бензините „еуросупер БС-95“ и „еуросупер БС-98“ се зголемуваат за половина денар, а дизелот и екстра-лесното масло за домаќинство остануваат со непроменети цени, објави денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Полицијата санкционирала 78 возачи, 46 возеле пијани, 32 без дозвола Во текот на изминатата недела (21-28.10.2019) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Куманово преземени се мерки и активности и констатирано е дека 67 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената, од сообраќај се исклучени 78 возачи, 46 возачи кои управувале под дејство на алохол и 32 возачи управувале возила пред да се стекнат со право за управување на моторно возило.
Изложба на фотографии и документарен филм за Вања Лазарова Во фоаето на „Трајко Прокопиев" во Куманово, денеска во 13 часот, ќе се одржи изложба на фотографии и документарен филм за Вања Лазарова.
Продавал железнички шини и делови од котлара од поранешна „Кожара“ Кумановската полиција поднесе кривична пријава против В.С.(68) и „Кожара Менд“ од Куманово, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривични дела „тешка кражба“ и „лажно пријавување“.
Пад на температурите и врнежливо време во втората половина на неделата Првите неколку дена ќе биде сончево и топло, а од четврток се очекува пад на температурите.
Пола Старо Нагоричане без струја Денеска од 9 до 14 часот без електрична енергија ќе останат потрошувачите на 12 села од Општината Старо Нагоричане.
Куманово започна аеросолизацијата за да го намали задувањето Општина Куманово започна со процесот на аеросолизација или распрскување на вода во воздухот, за да се налами загадувањето во градот.
Кумановец паднал од скали и тешко се повредил Кумановец тешко се повредил откако паднал од скали на објект во изградба. Несреќата се случила вчера во 16.50 часот на градилиште во с.Проевце.
Пронајдени 81 мигрант во помошен објект во Ваксинце Осумдесет и еден мигрант од земјите од Блиски Исток пронашла кумановската полиција во помошен објект на жител од липковското село Ваксинце.
Кумановец пукал со воздушна пушка во соседите СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.В.(42) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.
Хидрапонична и паметна градина иновации на учениците од „Крсте Мисирков“ Учениците од СОУ „Крсте Мисирков“ од Куманово, денеска го презентираа проектот „Изработка на хидрапонична и паметна градина“, иновативно решение за училишно градинарство и органското земјоделство.