Мени

Бар Рафаели со ново момче

05.06.2012 08:46 | KumanovoNews

 Иако неодамна се пожали дека момците воопшто не и приоѓаат, се чини дека згодната Рафаели конечно најде момче.

Бар Рафаели со ново момче

Младиот 25-годишен Шон Вајт, собрал храброст и го направил првиот чекор и по се изгледа преубвата манекенка веднаш падна на шармот на овој спортист.

Двајцата заедно неодамна биле видени како разменуваат нежности во еден клуб и потоа заедно се вратиле во куќата на Рафаели.

Бар Рафаели последна сериозна врска ја имаше со Леонардо Ди Каприо, а неодамна беше прогласена и за најсексипилна жена на светот според изборот на читателите на списанието "Maxim".