Мени

Бен Афлек ја обвинил Џенифер Лопез за неговите професионални неуспеси

28.06.2016 10:34 | KumanovoNews

Многумина веќе заборавиле дека Бен Афлек беше во врска со Џенифер Лопез, и дека практично беа пред олтарот кога изненадно раскинаа.

Бен Афлек ја обвинил Џенифер Лопез за неговите професионални неуспеси

Сега славиниот актер решил да не потсети на таа романса и да открие дека поради неа неговата кариера била во криза.

Тогаш раскинав со Џенифер Анистон и имав три или четири неуспешни филма во низ - рекол актерот во една емисија.

Филмови за кои разговарале се "Gigli", "Jersey Girl", и "Surviving Christmas".

Како што знаеме, Бен успеал да ги сврти работите во своја корист и да оствари значајни улоги во многу блокбастери, но и како режисер. За филмот "Argo" доби Оскар, но и филмовите "Gone Baby Gone" и "The Town" се прилично добро оценети. Во тој период бил во брак со актерката Џенифер Гарнер, со која во меѓувреме се разделиле, но тврди дека таа му била огромна поддршка.