Мени

Чај од липа за несоница и намалување на напнатоста

18.02.2020 15:24 | KumanovoNews

Липата лекува настинка, бронхијални тегоби несоница и нервоза, болки во стомакот и тешко варење.

Чај од липа за несоница и намалување на напнатоста

Таа исто така е погодна и за предизвикување на потење, доколку имате покачена телесна температура, а исто така во комбинација со камилица и нане се добива напивка против несоница, напнатост и тешко варење.

Доколку пак сте нервозни повеќе од вообичаено препорачливо е да конзумирате липа со камилица, валеријана и лисја од портокал што се прелеваат со зовриена вода и се оставаат да отстојат цела ноќ.