Мени

Евровизиските фанови ја пофалија Калиопи

29.05.2012 14:28 | KumanovoNews

Клубот на евровизиски фанови од Македонија ја пофали Калиопи за совршениот настап како што велат тие, врвното претставување на земјата и влезот во финале. 


Евровизиските фанови ја пофалија Калиопи

Тие и честитаат за наградата добиена од Музичката академија во Азарбејџан и сметаат дека се покажала како добар амбасадор на земјата. Фановите и посакуваат успешна европска кариера, и се благодарни што по четири години отсуство македонски изведувач се појави на финалето на Евровизија. 

Викендов Калиопи на 57-то издание на Евросонг го освои 13 место.