Лејди Гага пред венчавка
25.01.2011 15:53
| KumanovoNews
Се погласни се тврдењата дека Лејди Гага се верила со својот поранешен дечко келнерот Лук Карл.
Парот бил во врска до 2005 година пред Лејди Гага да стане позната. Упатените тврдат дека веста за венчавката парот ќе ја објави при промоцијата на новиот сингл на Гага.
Нивни пријатели тврделе дека Лук се вселил во вилата на пејачката, а за прстенот собирал пари.
Наводно, нивната венчавка ќе биде организирана во американскиот град Карлстон каде живеат најголемите фанови на познатата пејачка.
Имено, тие веќе втора година по ред организираат фестивал кој е посветен на пејачката, а во негов состав се организира и дефиле каде се носат најпознатите сценски костими на Лејди Гага.

