Матурантка во 97 година
12.06.2012 12:50
| KumanovoNews
Ен Колаџовани во 97 години конечно доби диплома од средно училиште по напуштањето на школото кога имала 17 години.
Оваа жена морала да ја напушти школата за да работи во продавница на нејзиниот татко во 1930-те, пренесуваат американските медиуми.
Мајка ми беше шокирана кога слушна дека после толку години ќе ја добие дипломата.-изјави нејзината ќерка Емилија
Колаџовани била најстар матурант во класата 2012 и ја примила својата диплома во една школа во државата Охајо.
Меѓутоа, таа не е единствениот член на семејството кој матурирал оваа година. Нејзиниот внук Томас Винчи матурирал во средно училиште во Кливленд по денот кога неговата баба добила диплома.

