Мени

Шакира и Пике очекуваат бебе

11.06.2012 10:53 | KumanovoNews

Жерард Пике би можел да добие уште нешто прекрасно освен пехарот на Еуро 2012.

Шакира и Пике очекуваат бебе

Странските медиуми пишуваат дека колумбијската пејачка Шакира е бремена и го носи детето на репрезентативецот на Шпанија, Жерард Пике.

Оваа интересна информација потекнува од мексикански интернет портал TVNotas кој пишувa дека убавата пејачка е бремена како и тоа дека таа и нејзиниот избраник купиле голема куќа во Барселона каде планираат да живеат.

Шакира е бремена само два месеци и би требало да стане мајка до крајот на годината.