Се ожени Алек Болдвин
01.07.2012 10:23
| KumanovoNews
Холивудскиот актер Алек Болдвин се оженил со својата јога инструкторка Хиларија Томас во црква во Њујорк, пренесуваат светските агенции.
Болдвин и Томас се венчале синоќа во катедралата на Свети Патрик. Болдвин примил срдечни честитки од своите обожаватели, кои му посакале сè најдобро. Томас носела свилен фустан „Амсејс“, а костумот на Болдвин го дизајнирал Том Форд.
Парот почна да се забавува минатата година. Болдвин претходно беше во брак со актерката Ким Бесинџер со која ја има ќерката Ајрленд која присуствувала на венчавката.
Парот се венчаше една недела откако Болдвин се судри со фотографот на „Дејли њуз“ пред општината во Њујорк.

