Мени

Селма Хајек: Ќерка ми ме учи на глума

27.06.2016 12:16 | KumanovoNews

Холивудската актерка Селма Хајек открила во интервју дека најдобрите часови по глума ги добива од својата осмогодишна ќерка Валентина.

Селма Хајек: Ќерка ми ме учи на глума

Актерката, која моментално го снима филмот "Tale of Tales" раскажала дека никогаш не сакала да слуша туѓи совети кога е нејзината работа во прашање, но многу пати се покажала како мудар професор по глума нејзината ќерка Валентина.

Во текот на 25 годишна кариера никогаш не слушав туѓи совети. Дури и Валентина ја исфрлувам од сет, кога ке почне да ме критикува, но готово секогаш се случува да сфатам дека била во право - вели Хајек, и додава дека советите кои и ги дава Валентина се секогаш точни.

Едноставно, таа успева во секунда да процени што не е добро во мојата глума - вели мексиканската актерка.

Инаку, Селма, која ја добила Валентина со францускиот милијардер Франсоа Анри Пиноом, признала дека нема намера да има уште едно дете.