Серијски насилник: Крис Браун ја нападнал неговата менаџерка
30.06.2016 09:20
| KumanovoNews
Крис Браун повторно ја покажал својата насилна страна кога ја нападнал менаџерката бидејќи не ги исполнила неговите барања. Пред неколку години раперот физички ја нападна и неговата тогашна девојка Ријана и го шокираше светот, а сега повторно покажал дека е агресивен.
Крис е обвинет дека ја нападнал менаџерката Ненси Гош. Раперот наводно бил под големо дејство на наркотици, а Ненси поради неговата постапка веднаш го напуштила автобусот и турнејата на раперот.
Кавгата настанала поради договорни обврски, бидејќи Ненси не ги исполнила барањата на Крис, следниот ден, испратила мејл:
- Се извинувам, не се чуствував безбедно. Крис беше под дејство на дрога и се понашаше ирационално - напишала Ненси во мејлот.
Фото: www.hollywoodreporter.com

