Мени

Шипинките се богат извор на витамин Ц и извонреден напиток во зима

20.02.2020 21:02 | KumanovoNews

Шипинките се плодови од дива ружа и се препорачува да се берат додека не се целосно созреани, затоа што тогаш се богати со витамин Ц.

Шипинките се богат извор на витамин Ц и извонреден напиток во зима

Меѓутоа, во тој период  тие содржат и големо количество на витамин П, каротин, витамин Б12, танин, ликонска и јаболкова киселина.

Тие најчесто се користат за настинка, епидемија на грип, против анемија, за запирање на дијареа, а препорачливо е да се пие и за време на бременоста и доењето.