,,Скриншот” од приватна порака искористен да се манипулира со гласачкото тело
Пишува Ардит РамаданиВо предизборието, рецензираме политички пристрасна вест со наслов ,,Албанците ги тераат СДСМ и Беса во П.М.(документ).
Меѓутоа, рецензираната вест, освен што е пристрасна и политички
мотивирана, поттикнува меѓуетнички поделби и повикувајќи се на
национализам се обидува да манипулира со чувствата на граѓаните. Исто
така, во овој текст се употребува и јазик кој се коси со Етичкиот кодекс на новинарите.