Мени

10 милиони денари за поправка на затварачите на браната Липково

28.08.2012 11:54 | KumanovoNews

 Водостопанство Кумановско-липковско поле доби 10 милиони денари од Министерството за земјоделство за поправка на затворачите на браната Липково, кои се стари 30 години.

10 милиони денари за поправка на затварачите на браната Липково

Со нивно осовременување и модернизирање ќе се спречат загубите на вода.

Инвестицијата на затварачите на браната Липково е многу важна за нашата работа. Ние сме во групата на водостопански претпријатија која доби најмногу средства, додека колегите од Кочани добија 4 милиони денари, Струмица  2,5 милиони денари. Паралелно со тоа во постапка е да се добијат неколку возила од Агенцијата за одземен имот. Се надеваме дека наскоро ќе ги добиеме со што ќе се подобри функционалноста на Водостопанство “Кумановско - Липковско Поле“- рече Филип Филиповски, директор на Водостопанство “Кумановско - Липковско Поле“.

Со инвестирањето во затварачите водата од браната Липково ќе се користи рационално и нема да има непотребно излевање посебно во вакви сушни периоди. Придобивка од модернизираните затварачи ќе има и месното население кое водата ја користи за наводнување на полињата.