Мени

100 тони сол на улиците и патиштата

23.01.2012 14:25 | KumanovoNews

 На локалните патишта и улиците во Куманово викендов се фрлени 100 тони сол, за да се спречи голомразицата и задржување на снегот.

100 тони сол на улиците и патиштата

Екипите интервенирале поради тоа што во градот и околните села е формирана мала снежна покривка, а од ниските температури одредени улици подмрзнале.

"Надлежните екипи неколку пати ги чистеа главните градски улици, додека во приградските населби и околните села се уште интервенираме на барање на жителите и на барање на месната заедница се пушта дополнителна механизација, бидејќи во одредени делови има наноси од снег"- вели Момчило Јовановски од секторот за урбанизам.

Општина Куманово одвои 12 милиони денари за зимско оддржување на улиците за скопската фирма "Катинг" и кумановската фирма "Хуљуси Комерц„. Градот за полесно оддржување е поделен на два дела источен и западен.